Во склоп на манифестацијата „Извиднички караван“ која се одржа во градскиот парк „Љупчо Шкартов“ во Кавадарци, ден потоа група од четворица извидници од Скопје ја реализираа и последната активност.
На постојниот пешачки премин кај ООУ „Страшо Пинџур“ тие ја обновија „пешачката зебра“ но овојпат цртајќи ја во тридеминзионална техника.
Применувајќи ја перспективата, тие со бела, црна и сива боја исцртаа пешачки премин кој од далечина кај возачите создава виртуелна слика на подигната бела линија, по што тие ја намалуваат брзината.
Акцијата на исцртување на првиот 3 Д пешачки премин на улицата „Димката Ангелов -Габерот“ ја спопнзорираше општина Кавадарц, во соработка со извидничкиот одред „Соколи“ од Кавадарци и Сојузот на извидници на Македонија.