ПРВА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СО ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПУЛП

ПРВА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАНЧЕВ СО ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ПУЛП

Во прва официјална посета на Кавадарци градоначалникот Митко Јанчев во неговиот кабинет го прими амбасадорот на Кралството Холандија во Република Македонија, неговата екселенција г. Вилем Ваутер Пломп.

Во изјавата за медиумите градоначалникот Јанчев информираше дека е почестен со посетата на амбасадорот. Притоа посочи дека е разговарано на повеќе теми поврзани со Кавадарци, неговиот стопански, културен и пред се туристички потенција. Во наредниот период ќе треба да се интензивира соработката меѓу холандската амбасад и општината во правец на заеднички иницијативи за културно стопанска соработка.

Амбасадорот Пломп посочи дека Кавадарци е преубав град  кој има природни убавини и потенцијали пред се за развој на винскиот и еко  туризам. Подвлече дека при оваа негова прва официјална посета на општината се интересирај кај домаќинот Јанчев за можностите за соработка и во повеќе други области. Тој смета дека оваа преубава земја Македонија, а посебно Кавадарци имаат природни можности и ресурси во многу области.