Во рамките на пролетната акција за расчистување, на запуштените површини, општината Кавадарци во соработка со донаторот „Ја-Ми“, деновиве го расчистува просторот околу спортската сала „Јасмин“.
Механизацијата на „Ја-Ми“ 1 багер и 2 камиони, потпомогнати со скипер и работници од ЈП „Комуналец“ работи на очистување на шут, кастрење на дрва, како и на отстранување на обраснати грмушки и трева.
Се расчистува просторот на јужната и западната страна од фудбалското игралиште, како и површината покрај атлетската патека, каде имаше бујна несредена вегетација.
Општината има за цел овој простор да го уреди и да го култивира, со оглед на тоа дека фудбалскиот терен и атлетската патека се едно од омилените места за рекреација на граѓаните.