Категорија: Тиквешки гроздобер

ПОДМЛАДОКОТ НА „ТИКВЕШКИ ТОЧАКЏИИ“ НА ГРОЗДОБЕРОТ

ПОДМЛАДОКОТ НА „ТИКВЕШКИ ТОЧАКЏИИ“ НА ГРОЗДОБЕРОТ

Благодарница за здружението „Тиквешки точакџии“ од градоначалникот и општината за нивното второ учество на стопанско туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“ 2019.

Градоначалникот Митко Јанчев благодарницата им ја додели веднаш по пристигнувањето на градскиот плоштад каде група од 40 велосипедисти пристигнаа по извозени 10 километри.

Годинава „Тиквешките точакџии“ во погон ги вклучиа младите сили. Подмладокот на клубот под инструкции на повозрасните членови ја возе рутата Кавадарци-Манастир Св. „Спас“ на Љубаш- Кавадарци во должина од десеттина километри. Ова беше нивно прво посериозно оф-роуд искуство.

Loading
БЕСПЛАТНИ ТЕТОВАЖИ ЗА ПЕТМИНА  ВО ЧЕСТ НА ГРОЗДОБЕРОТ

БЕСПЛАТНИ ТЕТОВАЖИ ЗА ПЕТМИНА ВО ЧЕСТ НА ГРОЗДОБЕРОТ

Како дел од гроздоберската програма е и уметничкиот настап на Тату артистот Пане Ризов од Тату студиот „Булфрог“ од Кавадарци.

Тој под тенда на плоштадот изработи пет бесплатни тетоважи за посетителите на „Тиквешкиот гроздобер“. Имињата на петмината среќници кои добиа бесплатни тетоважи беа  јавно извлечени пред самиот почеток на неговиот перформанс. 

Loading
ГРОЗДОБЕРСКА АТМОСФЕРА

ГРОЗДОБЕРСКА АТМОСФЕРА

Приказната под отворено небо ги одбројува часовите од вториот ден на „Тиквешкиот гроздобер“ 2019 година. Пријатното време и убавата атмосфера на плоштадот надополнети со македонската евергрин музика прават дел од гроздоберската слика за Кавадарци. Полни кафетерии и ресторани, децата уживаат во прошетка со родителите. Гости понесени од убавата музика си тераат гроздоберски „ќеиф“ со танц. Тука е и традиционалниот маџун за надополнување на истрошената енергија.
Драги гости добродојдовте и УЖИВАЈТЕ, во Кавадаречката гроздоберска Приказна под отворено небо.

Loading
ГРОЗДОБЕРСКА „ТАБЛИЈАДА“ 2019

ГРОЗДОБЕРСКА „ТАБЛИЈАДА“ 2019

Четириесет и шест пријавени натпреварувачи, меѓу нив и две жени денеска на вториот ден од „Тиквешкиот гроздобер“ го започнаа традиционалниот 10-ти турнир во „цајкова табла“ кој во рамките на гроздоберот се игра под името „Таблијада“.

Еден од натпреварувачите беше и градоначалникот Митко Јанчев кој исто така е љубител на оваа стара традиционална игра. Општината за најдобрите обезбеди пригодни награди како потсетник за учеството. Таблијадата се игра на локацијата во Паркот на револуцијата.

Loading
75 ГОДИНИ СЛОБОДНО КАВАДАРЦИ

75 ГОДИНИ СЛОБОДНО КАВАДАРЦИ

Кавадарци денеска слави, одбележува 75 години од ослобдувањето. На денешен ден 1944 година партизанските единици на НОВ го ослободија градот од фашистичкиот окупатор.

Во чест на празникот а за почит кон ослободителите делегација предводена од градоначалникот м-р. Митко Јанчев на градскиот плоштад пред споменикот на слободата положи букети свежо цвеќе.

Во знак на благодарност кон жртвите букети цвеќе положија и делегација на Советото на општината, Сојузот на борци и почитувачи на придобивките од Народно ослободителната војна, од политичките партии, претставници на институциите од културата, како и здруженија на граѓани.

Градоначалникот Јанчев во чест на празникот упати честитка до граѓаните, изрази благодарност кон ослободителите, и посака Кавадарци да се развива и живее во мир и благосостојба

Loading