Категорија: Тиквешки гроздобер

НА ВТОРИОТ ДЕН ОД ГРОЗДОБЕРОТ ИЗЛОЖБА НА ОЛД ТАЈМЕРИ

НА ВТОРИОТ ДЕН ОД ГРОЗДОБЕРОТ ИЗЛОЖБА НА ОЛД ТАЈМЕРИ

Изложбата на стари возила беше воведот во вториот ден од „Тиквешкиот гроздобер“ 2019 година. Градоначалникот м-р. Митко Јанчев меѓу првите ја посети традиционалната изложба на одбновени автомобили.

На улицата „Илинденска“ (БИД зона) наредени четириесеттина возила од повеќе генерации. Меѓу нив моторцикл, џип, повеќе мерцедеси, возила на Застава популарните Фиќо и Југо, Опрли, фордови, BMW, популартната Буба, руски Москвиќ, НСУ Принц, а меѓу нив и познатото гевгелиско Рено 4 кое стигна до границите на Кина. 

Посетителите имаа можност да го видат и најстарото возило на изложбата Опел од 1931 година, а се задржува и фотографираа пред црвениот американски Бјуик од 1952 готодина. 

Loading
ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ПЛОШТАДОТ РЕЗЕРВИРАНА ЗА МУЗИЧКИТЕ ЅВЕЗДИ

ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ПЛОШТАДОТ РЕЗЕРВИРАНА ЗА МУЗИЧКИТЕ ЅВЕЗДИ

 Главната сцена на годинашниот „Тиквешки гроздобер“ е резервирана за музичките ѕвезди. Вечерва 6 Септември пред публиката на плоштадот и гостите на штандовите на винарниците настапуваат: Тони Зен-Ди Џеј со негов сет, дуото „2 БОНА„ и „ТРАП СТЕЈШН“  .

 Музичката програма започна во 20:00 часот, а ќе трае до полноќ.

На сите гости на „Тиквешкиот гроздобер“ градоначалникот и општината им посакуваат пријатен престој и убави и незаборавни моменти од гроздоберот 2019.

Драги гости вечерва имајте убави моменти во градот на грозјето и виното.

Приказната под отворено небо продолжува утре од 10:00 часот.

Се гледаме…

Отворена изложба на фотографии „Тиквешки гроздобер“ 1965-1981

Отворена изложба на фотографии „Тиквешки гроздобер“ 1965-1981

На првиот ден од „Тиквешкиот гроздобер“ 2019 година во Музеј-Галерија Кавадарци беше отворена изложба на фотографии „Тиквешки гроздобер“ 1965-1981.
Изложбата ја отвори градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, со што и официјално е започнат “Тиквешкиот Гроздобер”.
Автор на поставката на оваа изложба е Јадран Манчев. На истата се изложени 60 црно бели фотографии кои ги отсликуваат гроздоберските празнувања во Кавадарци низ годините на неговиот зенит.
Фотографиите се авторско дело на познатиот кавадаречки новинар и фото документарист Бранко Ивановски кој со објективот на неговиот фото апарат ги забележал значајните настани од историјата на Тиквечкиот гроздобер.

МЕМОРИЈАЛЕН ЖЕНСКИ КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „СЕСТРИ КИТЕВИ“

МЕМОРИЈАЛЕН ЖЕНСКИ КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „СЕСТРИ КИТЕВИ“

Општината Кавадарци ја продолжува радицијата за време на „Тиквешки гроздобер“ да се игра женска кожарка во чест на трагично загинатите кошаркарки на ЖКК „Тиквеш“ сестрите Елизабета и Антоанета Китеви.

Годинава на турнирот учествуват екипите на ЖКК „Пелистер“ од Битола, ЖКК „Крива Паланка“ и домаќинот екипата на ЖКК „Трокал“.

Турнирот во име на Општината за отворен го прогласи претседателот на Советото г. Ристо Сакалиев кој во обраќањето уште еднаш ја потврди определбата на општината овој турнир да продолжи да опстојува, а потенцираше дека ова е само дел од сеопштата заложба на Советот градоначалникот за поддршката на локалниот спорт.

ГРОЗДОБЕРСКА ТРКА НА КЕРЛНЕРИ

ГРОЗДОБЕРСКА ТРКА НА КЕРЛНЕРИ

Улицата „Илинденска“ повторно беше „пистата“ за трката на келнери. На нејзиното второ издание во рамките на „Тиквешкиот гроздобер“ учествуваа четворица натпреварувачи, по двајца од Кавадарци и Гевгелија.

Првото место го освои Иван Стевановиќ од кафетеријата „Де факто“ од Гевгелија, втор беше неговиот колега Илија Петров од кавадаречката кафетерија „Рома“, а третото место го освои вториот келнер ог гевгелискиот „Де факто“ Марјан Стефанов.

Скромен број учесници, но трката беше возбудлива и интересна.  Натпреварувачите испишаа дел од гроздоберскат историја , додека оние од публиката што ја гледаа уживаа.