Богојавление -Водици 2015 година
Манифестацијата поврзана со Водосветот Богојавление -Водици кој се прави на реката „Луда Мара“ последниве 6 години е вистински празник во Кавадарци. Илјадници граѓани и годинава дојдоа да го следат овој несекојдневен и радосен чин за сите христијани.
На потопувањето на крстот во водите на реката „Луда Мара“ му претходеше одржувањето на Света богојавленска служба во храмот Свети Димитрија на која присуствуваа Градоначалникот Панов кој на сите граѓани на Кавадарци им посака многу здравје и бериќет, претседателот на Советот и други лица од јавниот живот на градот. Притоа беше осветена и водата на црковната фонтана, од која граѓаните можеа да си наполнат за дома, а потоа со литија заедно со свештениците се упатија кон кејот на реката „Луда Мара“.