Врз основа на член 36 став 1 точка 15, а во врска со член 22 став 1 точка 6 од Законот за Локална Самоуправа (,,Сл. Весник на РМ“ бр.5/2002 ), член 132 став 1 од Статутот на Општина Кавадарци (,,Сл. Гласник на Oпштина Кавадарци“ бр. 08/05…….75/21),
Советот на Општина Кавадарци на 6-тата седница, одржaна на ден 27.01.2022 година, донесе
П Р О Г Р А М А
за активностите на Општина Кавадарци во областа на спорт и млади во 2022 година
ЦЕЛИ
Основни цели на Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на спорт и млади во 2022 се :
-Учество на општината во организирањето и збогатувањето на спортско-рекреативниот живот во градот;
– Создавање на услови за реализирање на спортско-рекреативните активности на граѓаните, особено младите и здруженијата од областа на спортот;
– Афирмација на Општина Кавадарци како развиен спортски центар во Република Северна Македонија и надвор од неа;
– Афирмација на Општина Кавадарци во која особено внимание се посветува на создавањето услови за правилно насочување на младите и организирање на нивните слободни активности.
Read More