2 ФАЗА ОД РЕНОВИРАЊЕТО НА ЗГРАДАТА ОД ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО СЕЛОТО МАРЕНА
Согласно програмата за комунална изградба општина Кавадарци го реализира проектот за реконструкција на старата зграда на подрачното училиште „Страшо Пинџур“ во селото Марена.
Во тек се работите од втората фаза со која се опфатени поставување на термо изолациона фасада, како и целосна замена на дрвената столарија со енергетски ефикасни ПВЦ врати и прозорци.
Во училиштето во село Марена учат вкупно 35 ученици од прво до петто одделение поделени во 5 паралелки.
По завршувањето на градежните работи општината во многу ќе ги подобри условите за редовно и непречено одвивање на наставата и воспитно образовниот процес.
За оваа намена локалната самоуправа инвестира вкупно 1.085.000 денари, пари од оперативниот буџет.
Претходно општина Кавадарци во првата фаза од реновирањето во целост го обнови покривот, а беа изведени и работи на санација на училниците и ентериерот во дотраената и стара училишна зграда.