Категорија: Верски заедници

Осветени водите на реката Луда Мара во Кавадарци и с.Ваташа

Осветени водите на реката Луда Мара во Кавадарци и с.Ваташа

Централната манифестација по повод големиот празник Богојавление Водици во организација на МПЦ-ОА во Кавадарци по семи пат се одржа намосто кај Јаворот. По шест обиди во изминатите години,  седмо скокање по светиот крст беше среќно за шеснаесет годишниот Стефан Ѓорѓиев од Кавадарци. Тој усепа да го извади светиот крст од водата на реката Луда Мара.

„Многу сум среќен поради тоа што ова ми е седма година како се обидувам да го фатам осветениот крст и најпосле успеав. Очекувам здравје, среќа и радост, рече во изјавата за медиумите Стефан Ѓорѓиев“ .

Ѓорѓиев од локалната самоуправа доби ЛЕД тв приемник, а сите кои скокаа по крстот добија бањарки подарок од општината Кавадарци

Подароците им ги врачи секретарот на општина Кавадарци Ќире Делов кој упати честитки до сите верници по повод празникот Богојавление. „Да си посакаме оваа година и сите години што следат многу здравје и многу среќа пред се. Чинот на кој бевме денес сведоци да не сплоти како народ уште повеќе“ рече Делов.

На чинот на осветување на водата во реката Луда Мара и потопување на светиот крст претходеше света литургија во храмот Свети Димитрија, а за прв пат годинава и во новоизградената црква „Света Преподобна Параскева-Петка“. Потоа верниците од двете цркви со литии се упатија кон кејот на реката каде присуствуваа голем број верници.

Богојавление-Водици е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од христијанската ера.  Конкретно е поврзан со крштевањето на Исус Христос од свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител.

Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Големиот водосвет е симбол на обновувањето на нашата огревовена природа и на целиот космос преку вода и Дух.

 

Голем број верници годинава присуствуваа на богојавленскиот водосвет на водата во брана Моклиште кај Ваташа. Осум момчиња скокнаа по осветениот крст, а меѓу нив најсреќен прв да доплива беше четиринаесет годишниот Јован Гогов. Тој и минатата година ја имаше истата среќа. Им посака здравје и среќа на сите граѓани. „Радосен сум што и годинава успеав да го фатам светиот крст. Ова ми е второ фрлање по крстот и ме послужи среќа. Посакувам здравје и среќа на сите“ рече Гогов.

Од локалната самоуправа Кавадарци за подарок доби телевизор, а подароци доби и од други спонзори на манифестацијата.

Организаторот одлучи награда, рачен часовник да му додели и на Ѓоке Стојанов кој беше втор во пливањето по светиот крст.

Света лутургија претходеше на чинот на потпоување на богојавленскиот крст и во црквата “Св Богородица“ во Ваташа.

 

ДВЕ ЛИТИИ ВО ЧЕСТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ 2016

ДВЕ ЛИТИИ ВО ЧЕСТ НА БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ 2016

Богојавленскиот крст во Кавадарци годинава повторно ќе ги освети водите на реката Луда Мара. Со овој чин симболично свештениците од МПЦ ќе го извршарт светиот чин на крштевањето осветувајќи ги сите водотеци, со што се става крај на таканаречените некрстени денови од Божик до Водици.

Претходно како вовед во чинот на потопувањето на крстот МПЦ во црквите извршува света литургија за Богојавленскиот водосвет. Во Кавадрци за прв пат богослужба за Водици ќе има и во новата црква Св.„ Преподобна Параскева“-Петка. Свештените лица во вторник на 19 јануари ќе имаат свечени литургии во старата црква Св. „Димитрија“ и во новата Св. „Петка“.

Веднаш после литургијата во базенчето на црквата Свети Димитрија ќе се изврши водосвет на водата, а крстот со литија по улиците „Мито Хаџи-Василев  Јасмин“ и „7 Септември“ ќе се упати кон реката Луда Мара.

За прв пат кон мостот кај Јаворот ќе се упати и литиа од новата црква која ќе се движ по улиците од Новата црква Св.Петка по дел на бул „Вељко Влаховиќ“- бул “Никола Минчев“ -Бул.„Македонија“ –ул „Блажо Алексов“ до мостот на ул „7-Септенмври“.

МПЦ-ОА упатува повик до граѓаните во вторник на 19 јануари 2016 година да се приклучат што помасовно на поворката со светиот крст и заедно со свештенстото како што налага редот низ кавадаречките улици да го пренесат светиот крст до водите на реката Луда Мара. Фрлањето на крстот ќе се изврши во 11:00 часот.

Традиционално  Богојавленски водосвет ќе се изврши и на Браната „Моклиште, таму крстот ќе се фрла во 12:00 часот.

На 8 август 2015 година во Кавадарци прославена св. Петка

На 8 август 2015 година во Кавадарци прославена св. Петка

На 8 август 2015 година во Кавадарци верниците од христијанска вероисповед заедно со свештенството на Повардарската епархија го празнуваат верскиот празник „Света Преподобна маченичка Параскева-Петка“, чие име го носи новата црква која е изградена во новиот центар на градот. Топлото време не беше пречка кавадарчани во масовен број да го исполнат новиот храм и неговото опркужување, и да го изразат своето почитување кон нивната заштитничка, светата маченичка Параскева Петка, која ги штити од несреќи и болести.

На големиот собир и водосвет пред новата црква „Света Петка“ му претходеше оддржувањето на Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Димитрија“ во Кавадарци со која чиноначелствуваше Митрополитот Г.Агатангел во сослужение со свештеници од Повардарската епархија.

После водосветото во чест на празникот, благодарност до ктиторите, МПЦ и валдиката г.Агатангел, до верниците упати градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов кој ги замоли присутните како и граѓаните на Кавадарци, а кои се во можност да донираат за изградбата на црквата, да гго изразат тој гест со што ќе помогнат во завршување на финалните работи пред осветувањето.

Владиката  г.Агатангел им се заблагодари на менаџментот на Фени Индустри кои се најголеми ктитори, потоа на компаниите „Кожувчанка“ и „Градба Промет“, архитектот Трајче Грков, мајсторот Ристо Грозданоски од Мала Преспа кој се соживеал со секој камен вграден во црквата, како и на Општината Кавадарци преставувана од Градоначалникот Александар Панов и претседателот на Советот, Горица Пеливанова – Вилхелм. „Старите велат, оној што не праврел куќа не знае како е да се гради. Црковните храмови се убавина на душата. Окото може многу убави работи да гледа, но душата треба прво да го види Христа, а него ќе го види во овој храм. Благодарение на Фени и на директорот Даскалакис кој не поттикна да го изградиме овој храм, но и ни покажа нас, кои живееме во Кавадарци и Македонија како треба да се сака црквата и да се љуби Господа“ – рече меѓу другото Владиката Агатангел, кој на крајот од својот говор уште еднаш јавно ги покани сите христијани на 18 октомври да присуствуваат на осветувањето на црквата „Света Петка“.

Во своето обраќање пред верниците, заменик генералниот директор на „Фени Индустри“, Герасим Кујунџиев рече: „Самата црква е една од најубавите цркви изградени во поново време во Македонија и истата е градена во традиционален византиски стил, од рачно клесан камен, архитектурата, фрескоживописот и иконостасот се дело на најдобрите современи црковни уметници во целост запазувајќи ја средновековната македонска црковна традиција која е најубавиот архитектонски и уметнички период. Сигурен сум дека нашата црква „Света Петка“ ќе биде вистински бисер и обележје на Кавадарци и граѓанитеч“.

Претседателот на иницијативниот одбор и сопственик на Кожувчанка, Митко Јанчев во својот говор пред присутните ја потенцираше макотрпната работа во сите пет години која благодарение на божјата милост и благословот од Господин Агатангел резултираше со изградба на овој божји храм кој на 18ти октомври ќе биде осветен.

Со света Божествена литургија во храмот

Со света Божествена литургија во храмот

Со света Божествена литургија во храмот „Св.вмч.Димитрија“ во Кавадарци и водосвет пред новоизградениот храм посветен на „Св. Преподобна Параскева – Петка“, во сабота, 8 август 2015 година Кавадарци ќе го празнува верскиот празник „Св. Маченичка Параскева – Петка“.

Според предвидената програма за чествување на заштитничката на градот, светата Божествена литургија во храмот „Св.вмч.Димитрија“ ќе започне во 8 часот и 30 минути, додека водосвет пред новоизградениот храм посветен на „Св. Преподобна Параскева – Петка“ ќе се оддржи во 11 часот.

Богојавление -Водици 2015 година

Богојавление -Водици 2015 година

Манифестацијата поврзана со Водосветот Богојавление -Водици кој се прави на реката „Луда Мара“ последниве 6 години е вистински празник во Кавадарци. Илјадници граѓани и годинава дојдоа да го следат овој несекојдневен и радосен чин за сите христијани.

На потопувањето на крстот во водите на реката „Луда Мара“ му претходеше одржувањето на Света богојавленска служба во храмот Свети Димитрија на која присуствуваа Градоначалникот Панов кој на сите граѓани на Кавадарци им посака многу здравје и бериќет, претседателот на Советот и други лица од јавниот живот на градот. Притоа беше осветена и водата на црковната фонтана, од која граѓаните можеа да си наполнат за дома, а потоа со литија заедно со свештениците се упатија кон кејот на реката „Луда Мара“.

Read More