Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

Асфалтирање на улицата ,,7-ми Септември’’

Асфалтирање на улицата ,,7-ми Септември’’

Комплетно асфалтирање на улицата ,,7-ми Септември’’ во два слоја, каде претходно се реконструираше водоводната линија како и атмосферската и фекална канализација кое е во склоп на проектот од германската КФВ банка, во соработка со Општина Кавадарци и ЈП Комуналец.

Изведувач е фирмата Жикол.

Асфалтирање на ул. ,,Вардарска” и ровот на дел од ул. ,,Шишка”

Асфалтирање на ул. ,,Вардарска” и ровот на дел од ул. ,,Шишка”

Денеска комплетно се асфалтираше ул. ,,Вардарска” и ровот на дел од ул. ,,Шишка”. На оваа улица претходно се постави атмосферска канализација. Овој проект е дел од грант доделен на општина Кавадарци од германската банка за развој КФВ.

Реконструкција на ул. Зелен Пазар

Реконструкција на ул. Зелен Пазар

Реконструкција на ул. Зелен Пазар на потег од тунелчето и од спој со ул. ,,Цано Поп Ристов’’. Преходно извадени гранитни коцки и комплетна реконструкција на фекална канализација по цела должина на улицата од страна на ЈП Комуналец, каде што се поставија нови ивичњаци а потоа и асфалтирање на површина од 750 м2. Целосна инвестиција на Општина Кавадарци од 1.400.000 денари.

 

Асфалтирање и комплетно ново осветлување на ул. ,,Лазо Асијата’’

Асфалтирање и комплетно ново осветлување на ул. ,,Лазо Асијата’’

Пробивање, асфалтирање и комплетно ново осветлување на ул. ,,Лазо Асијата’’ од муслиманските гробишта до спој со ул.,,Клинска’’ во должина од 900м и површина од 4800м2. Целосна инвестиција на Општина Кавадарци во износ од 22.000.000 ден како дел од програмата за комунална изградба за 2022 година.

Асфалтирање на ул. „Индустриска“

Асфалтирање на ул. „Индустриска“

Заврши асфалтирањето на дел од ул. ,,Индустриска” ( од Жито Југ до Хотел Елит) каде комплетно беше изваден стариот асфалт и заменет со нов на површина од 1900м2.

Изведувач е БИТЕМ од Скопје.