Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Деновиве градежната оператива на фирмата „Павер трејд“ од Кавадарци работи на пробивање на тротоар на улицата „Западен булевар“ наспроти Градските гробишта.

Според проектот на општината Кавадарци вчера и денеска се оформува површината на идниот тротоар и се поставуваат рабници. Тротоарот се наоѓа на десната страна од коловозот на потегот од новопробиенета траса до спојот со улицата „Вишешница“ во правец на спортската сала „Јасмин“.

Наредните денови ќе уследи тампонирање и поплочување со бехаток коцки.

Во оваа фаза паралелно се работи и на ровот за подземната нисконапонска мрежа од Јавното улчично осветлување. На оваа делница ќе се постават седум метални столбови со осум ЛЕД светилки.

Општината со овој проект уредува значајна сообраќајница со која се намалува сообраќајната оптовареност на „Ресавска“ и околните улици. Воедно ја подобрува и безбедноста во сообраќајот на западниот влез во градот од правец на Прилеп.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ВУКО КАРОВ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ВУКО КАРОВ“

Кавадарци добива уште една урбанизирана улица. Во населбата „Парк“ над градскиот стадион опертативата на фирмата „Градба промет“  реализира проект Јавна набавка поплочување на улицата „Вуко Каров“.

Според проектот на општината се вршат градежни работи на делницата од спојот со илицата „Дисанска“ до околните индивидуални станбени објекти.  Се поплочува површина од 600 метри квадратни со поставуваат бехатон коцки.

Претходно беше извршено порамнување на трасата, поставување на рабници и тампонирање.

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА  „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

Завршена е реализацијата на уште еден комунален проект на општината. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци изврши асфалтирање на кратка делница од улицата „Наќо Лазовски“.

Според проектот се ревитализираше делот од спојот со улицата „Димката Ангелов-Габерот“ до спојот со задниот двор на ООУ „Тошо Велко-Пепето“ во Кавадарци.

Претходно на истата делница беа поставени нови рабници на едната страна од коловозот и беше изгребан и отстранет стариот дотраен и оштетен асфалт.

Со овој проект општината обезбеди обновен и побезбеден  пристап на учениците.

АСФАЛТИРАЊЕ НА КОЛОВОЗОТ НА УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА КОЛОВОЗОТ НА УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денеска изврши асфалтирање на коловозот на улицата „Наќо Лазовски“. Нов слој асфалт е поставен во должина од 220 метри.

Според планот на општината претходно беше отстранет стариот и дотраен асфал после што следеше тампонирање.

Проектот е дел од јавната набавка на општината за реконструкција и на коловозната површина на улиците „Иво Андриќ“ и ул.„Доне Попов“ спој со ул.„Григор Прличев“. Вредноста на оваа јвна набавка изнесува 5.535.000 денари. Претходна како дел од овој тендер се изврши пробивање и асфалтирање на крак од улицата „Дисанска“.

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ШИШКА“

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ШИШКА“

Проширената и реконструирана делница на улицата „Шишка“ наскоро ќе го добие и вториот тротоар.

Опретаивата на фирмата „Градба промет“ работи на поплочување на тротоарот на делот од влезот во Глишиќ до спојот со улицата „Северен булевар“ кај Општа болница. На оваа делница се оформува тротор со широчина од два метри, каде се поставуваат рабници, се врши тампонирање и поплочување со павер елементи.

Со овој проект општината создава побездни услови за движење на пешаците.

Во завршниот дел од реализацијата на проектот проширување и реконструкција на ул.„Шишка“ ќе уследи и целосно реновирање и подобрување на Јавното улично осветлување.