Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

Асфалтирање на ул. Црноречка

Асфалтирање на ул. Црноречка

Во тек е асфалтирање на ул.Црноречка. Согласно проектот предвидено е асфалтирање на ул.Црноречка, 4 краци од оваа улица како и асфалтирање на ул.Јован Планински спој со ул.Ѓоре Брушански. Денес се асфалтираат 3 од овие улици а во текот на утрешниот ден ќе се изврши и асфалтирање на уште 2 улици. Асфалтирањето се врши со дебелина од 7 сантиметри а претходно беа поставени ивичњаци и уредување на долен строј.
Ќе се асфалтираат вкупно 1850 метри квадратни, изведувач е Градба промет а финансиската вредност на проектот е 4 366 000 денари.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ДАМЕ ГРУЕВ“

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ДАМЕ ГРУЕВ“

Општина Кавадарци преку ЈП „Комуналец“ реализира проект за целосна реконструкција на поземната инфраструктура водовод и канализација на улицата „Даме Груев“.

Според проектот на јавното претпријатие кое е и изведувач на работите, се реконструира потегот од спојот со ул.„Вишешница“ до спојот со ул. „22 Декември“ во вкупна должина од 150 метри. Овде се поставија нови линии на фекалната и атмосферската канализација, при што старите и дотраени бетонски се заменија со пластични коругирани цевки со профил 315 .

Комуналец изврши замен и на вововодната линија при што наместо старите абест-цементни цевки, се постави пластично црево со профил 110.

Во наредната фаза ќе следи асфалтирање на улицата.

 

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПАТЕКИ  НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПАТЕКИ НА ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ реализираат проект за поплочување на дополнителни 1500 метри квадратни пристапни патеки во кругот на градските гробишта.

Се работи за инвестиција во износ од 1,5 милиони денари. Парите согласно проектот се вложуваат во поплочување со бехатон коцки на постојните како и оформување на наови пристапи до гробните места на горното ниво.

Изведувач на работите е формата „Класик компани 2010“ од Охрид.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПАТ ДО ЦРКВАТА ВО СЕЛО ВОЗАРЦИ

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРИСТАПНИОТ ПАТ ДО ЦРКВАТА ВО СЕЛО ВОЗАРЦИ

Со постсвувањето на рабниците, оперативата на ангажираната фирма „АС машини“ од Кавадарци започна со реализација на втората етапа од поплочувањето на делница од пристапниот пат до црквата во селото Возарци.

Во наредните денови најпрвин ќе се оформи контурата на патот во должина од 270 метри на делница од постојниот плочник до капијата на црковниот двор. Паралелно ќе се врши и поплочување со бехатон коцки на површина од 800 метри квадратни.

Минатата година во исто време опоштината преку ангажираната фирма поплочи површина од 400 метри квадратни, во правец на црквата и тоа на потегот од спојот со локалниот пат кон браната на „ХЕЦ „Тиквеш“.

Со овој зафат општината во целост ќе го поплочи пристапниот пат до селската црква. Општината и овој проект го реализира на барање од граѓаните од селото Возарци.

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „СТИВ НАУМОВ“

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „СТИВ НАУМОВ“

Нови 500 метри квадратни асфалтирана улица се дел од градската улична мрежа на Кавадарци. Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ изврши асфалтирање на улицата „Стив Наумов“.

Во склоп на овој комунален проект на општината и ЈП „Комуналец“ претходно беше извршена реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, по што уследи подготовка, поставување на рабници и тампонирање на целата површина  на реконструираниот дел од улицата.

И овој проект е реализиран на барање на жителите од тој дел на Кавадарци.