Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ОБНОВУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПРИЛЕПСКА“

ОБНОВУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПРИЛЕПСКА“

Денеска започнаа подготвителните работи за отстранување на старата и дотраена коловозна површина на крак од улицата „Прилепска“.

Општината во склоп на реализација на програмата за комунална изградба, преку ангажираната оператива на фирмата „АС машини“ од Кавадарци изврши отстранување на старата бетонска подлога.

Според проектот ќе се продолжи зо нивелирање и подготовка на деницата за бетонирање.

Реконструкцијата се спроведува нба барање на жителите кои живеат веднаш до Противпожарниот дом од неговата западна страна.

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЕГЕЈСКА“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЕГЕЈСКА“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ успешно реализираше уште еден комунален проект.

Денеска беше реализирана последната фаза- асфалтирање на улицата „Егејска“ од спојот со улицата „Љубашка“ под „строто Ангро“, до спојот со улицата „Пелистерска“.

Претходнои овде се отсртани старата и дотраена коловозна површина и се поставија нови рабници.

Реконструкцијата е на барање на жителите од овој делк на Кавадарци.

 

ПОТПОРЕН ЅИД НА ВЛЕЗОТ ВО с.БЕГНИШТЕ

ПОТПОРЕН ЅИД НА ВЛЕЗОТ ВО с.БЕГНИШТЕ

Општината Кавадарци преку ангажираната фирма на изведувачот „Мартин премиум билдинг“ од Скопје во селото Бегниште реализира проект од комуналната изградба.

Во правец на подобрување на стабилноста на тлото како и на безбедноста во сообраќајот се гради армирано-бетонски потпорен ѕид.

Денеска се вршеше шалување на објектот. Ѕидот е со должина од 17м. и висина од 3 метри. Лоциране на самата кривина на влезот во селото од правецот на село Ресава.

Во последната фаза од градбата ќе се изврши поплочување со што ќе се прошири коловозната површина на пристапниот пат.

Проектот за изградба на потпорниот ѕид е на барање на жителите од селото Бегниште.

 

НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА   НА УЛИЦАТА „РЕСАВСКА“

НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА  НА УЛИЦАТА „РЕСАВСКА“

 

 

Мрежата на градската атмосферска канализација ќе се зголеми за дополнителни 130 метри. Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „РМК Градба“ од Скопје започна со изградба на целосно нова линија на дел од улицата „Ресавска“.

Се работи за проект според кој на оваа делница ќе се постават Полиетиленски коругирани цевки со профил 400 милиметри. Линијата е продолжување на атмосферската канализација на новопробиенат делница на спојот со „Западен булевар“ на кривината кај градските горбиште.

Станува збор за целосно нова линија со која ќе се зафатат атмосферските води под регионалниот пат Кавадарци-Прилеп.

АСФАЛТИРАН КРАК НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

АСФАЛТИРАН КРАК НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Оперативата на „Градба промет“ денеска асфалтираше крак од улицата „Бел Камен“ на делницата од капелата до северниот влез во градските гробишта. Општината на овој потег со пари од буџетот сметка за комунална изградба ја обнови асфалтната подлога на површина од 540 квадратни метри. Претходно според проектот се изврши гребење и отстранувањето на стариот асфалт.

Со овој проект е рвитализиран дел на уште една фрекфентна улица во градот.