Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

АСФАЛТИРАН ДЕЛ ОД РЕКОНСТРУИРАНИОТ КОЛОВОЗ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

АСФАЛТИРАН ДЕЛ ОД РЕКОНСТРУИРАНИОТ КОЛОВОЗ НА УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“

Денеска оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци работи на асфалтирање на дел од улицата „Бел Камен“ над комплексот станбени згради. Претходно според проектот на општината се изврши отстранувањето на стариот асфалт, на дотраените рабници, како и тампонирање.

Се работи на делницата од паркингот кај капелата во правец на ВВ „Тиквеш“ каде на површина од 1350 квадратни метри се постави нов слој асфалт со дебелина од 7 сантиметри.

Со реконструкцијата на овој дел од улицата Жителите од зградите и од населбата „Бел Камен“ добиа обновена и побезбедна улица.

Претходно на овој локалитет кај зградите општината изврши оформување на паркинг со потпорен ѕид и поплочување, како и хортикултурно уредување на зелената површина. Реконструкцијата е на барање на жителите од оваа населба.

 

 

Рушење на дивоградба лоцирана на кејот на реката Луда Мара

Рушење на дивоградба лоцирана на кејот на реката Луда Мара

По налог на градежниот инспектор на Општина Кавадарци денес се врши рушење на дивоградба лоцирана на кејот на реката Луда Мара. По 15 години соочување со проблем , сега ова место ќе им биде достапно на пешаците со оспособување на тротоарот. Градоначалникот Митко Јанчев се залага за решавање на проблеми со кои жителите на Општина Кавадарци се соочуваат долги години. Во изминатиот период беа решени неколку проблеми кои сега се во функција на граѓаните.

Поставување на средства за смирување на сообраќајот

Поставување на средства за смирување на сообраќајот

Денес се започна со поставување на средства за смирување на сообраќајот со ширина од 1 метар и висина од 8 сантиметри на следните локации:
– ул.Словенска на две локации
– ул.Љубашка на една локација,
– ул.Ѓоре Брушански на две локации,
– ул.Ресавска на една локација,
– ул.Јован Планински на една локација,
– ул.Пиринска на една локација,
– ул.14ти Мај на две локации,
– ул.16ти Јуни на две локации,
– ул.Ќиро Спанџов на една локација,
– ул.Браќа Џунови на една локација,
– ул. Ѓорѓи Соколов на две локации,
– ул.Орце Николов на две локации,
– на влезот во с. Сопот и
– на ул.Партизанска во с.Марена на две локации.

 

Реконструкција на ул.Даме Груев

Реконструкција на ул.Даме Груев

Денес се започна со реконструкција на ул.Даме Груев. Инвеститор и изведувач на проектот е ЈП Комуналец. Со реконструкцијата се предвидува промена на водоводна линија ф110, промена на фекална линија ф315 и промена на атмосферска линија ф250 со должина од 200 метри. На крајот ќе се постават и приклучоци за сите куќи на оваа улица. По завршување на овој проект ќе се започне со реализација на проект за асфалтирање на улицата.