Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

Реконструкција на фекална и атмосферска канализација на ул.Бабуна

Реконструкција на фекална и атмосферска канализација на ул.Бабуна

Денес се започна со реконструкција на ул. Бабуна во должина од 180метри, со профил Ф315 – фекална канализација и 100 метра, со профил Ф315 -атмосферска канализација.
Со овој потег ќе се реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација на ул. Бабуна која моментално минува низ приватни дворови, а воедно и со атмосферските води кои често причинуваат штети на граѓаните кои живеат на таа улица.
После завршувањето на работите ровот ќе биде целосно асфалтиран односно вратен во првобитна состојба.
Инвеститор и изведувач на работите е ЈП Комуналец Кавадарци

Реконструкција на фекална канализација во с.Марена

Реконструкција на фекална канализација во с.Марена

Станува збор за решавање на долгогодишен проблем со фекална канализација за неколку семејни куќи (спроти училиштето) кои до сега канализацијата му истекувала во долот. Со овој потег канализациите од овие куќи се прифаќаат во една главна , и се приклучуваат во новиот колекторски систем.
Должината на оваа реконстуркција е околу 100м, и инвеститор и изведувач на работите е ЈП Комуналец – Кавадарци.

 

Асфалтирање на дел од Западен булевар

Асфалтирање на дел од Западен булевар

Со засилен интензитет се работи на проектот за изградба на Западен булевар спој со ул.Ресавска. Денес, ангажираната фирма, на еден дел од Западен булевар, врши асфалтирање со носечки слој со дебелина од 7 сантиметри на површина од 2500 метри квадратни. По завршувањето на оваа фаза , односно во недела , ќе се изврши и втората фаза од асфалтирањето, втор слој од АБ16 со дебелина од 5 сантиметри. Овој проект е веќе со години баран од жителите на овој дел од градот и ќе биде од големо значење за Општина Кавадарци. Проектот е со финансиска вредност од 16 440 158 денари.

Асфалтирање на дел од ул. „Февруарски поход“

Асфалтирање на дел од ул. „Февруарски поход“

Општина Кавадарци денес реализираше уште еден комунален проект. Ангажираната оператива изврши асфалтирање на дел од ул. „Февруарски поход“. Беше асфалтирана делница во должина од 300 метри.
Денешното асфалтирање е продолжение на урбанизацијата на оваа улица, која е значајна сообраќајница во тој дел на Кавадарци, а околу која гравитираат многу индивидуални станбени објекти.
Асфалтирањето е спроведено на барање на жителите од тој дел на градот. Парите се обезбедени од комуналната сметка на буџетот на општината.

ПРОДОЛЖЕН ПОТПОРНИОТ ЅИД КАЈ ЦРКВАТА  ВО СЕЛО МАРЕНА

ПРОДОЛЖЕН ПОТПОРНИОТ ЅИД КАЈ ЦРКВАТА ВО СЕЛО МАРЕНА

Оперативата на фирмата „АС Машини“ од Кавадарци, деновиве работи на доградба на потпорниот ѕид во селото Марена. Станува збор за продолжување на постојниот ѕид во должина од нови 35 метри. Ѕидот се наоѓа на локација помеѓу црквата и селската чешма во Марена.

Овој објект е значаен пред се од безбедносен аспект бидејќи го потпира земјиштето и спречува евентуално лизгалиште на тло каде има повеќе семејни куќи. Евентуалното лизгање на земјата би можело да го загрози и сообраќајот на регионалниот пат Кавадарци-Неготино.

Со целосната изградба на потпорниот ѕид општината успешно санира и отстранува потенцијална опасност.