Асфалтирање на улица „Браќа Миладинови“
Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на реализација на комуналниот проект за обновување на асфалтната подлога на дел од ул.„Браќа Миладинови“.
Денес се врши асфалтирање на оваа улица со претходна подготовка за асфалт.
Со овој проект општината ќе обнови коловозна површина од 1.250м2, на делницата од спојот со ул.„Киро Крстев“ до спојот со ул.„Методи Џунов-Џико“.