Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

РАСЧИСТУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА „ЛУДА МАРА“ КАЈ СПОМЕНИКОТ „12 МЛАДИНЦИ“

РАСЧИСТУВАЊЕ НА КЕЈОТ НА „ЛУДА МАРА“ КАЈ СПОМЕНИКОТ „12 МЛАДИНЦИ“

Општина Кавадарци преку донација, во соработка со неколку општествено одговорни фирми реализира проект за расчистување на дел од регулираното корито на реката Луда Мара кај спомен паркот „12 Ваташки младинци“.

Ангажираната градежна механизација работи на расчистување на коритото од речен нанос и диво обрасната вегетација. Со овој проект се опфатени 900 метри од регулираното корито на реката каде има постојна шкарпа како и повеќе каскади изградени во шеесеттите години од минатиот век.

Овој зафат што го превзема општината има за цел расчистување и разубавување на тој дел од спомен паркот „12 Ваташки младинци“, воедно е продолжение на активностите на општината од минатите две години, во делот на екологијата и хортикултурното уредување на најзначајниот историски паметник во општината.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО с.СОПОТ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО с.СОПОТ

Општината Кавадарци продолжува со реализација на капиталниот комунален проект во селото Сопот за реконструкција на старат водоводна линија.

Ангажираната оператива на фирмата „ВОД-ВАР“ Инженеринг од Скопје работи на  поставување на комплетно нова мрежа по главниот вод на улицата „Илинденска“ како и на краците од сите останати селски улици.

Паралелно се поставува и атмосферска канализација за зафаќање на атмосферската вода  од улиците: „Илинденска“, „Коле Василев“ и ул. „Маршал Тито“.

Станува збор за проект вреден 16.914.631 денари, пари кои се наменети за подобрување на подземната инфраструктура во оваа интензивна рурална средина.

Овој значаен и сериозен комунален проект општината го реализира на барање на жителите од селото Сопот.

ДОГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА НА УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“

ДОГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНА ЛИНИЈА НА УЛИЦАТА „ДИСАНСКА“

Во рамките на комуналната изградба општината Кавадарци работи на продолжување на постојната канализациона линија во населбата „Парк“. Ангажираната оператива деновиве ги изведува градежните работи на прокоп и поставување на цевки и шахти од новата делница на улицата „Дисанска“ која води до спомен костурницата.

Во оваа фаза ќе се постави нова линија во должина од 300 метри.
Изведувач на работите е фирмата „Премиум билдинг“ од Скопје. За оваа намена општината ќе потроши 547.000 денари. Парите се обезбедени од буџетот на општината програма за комунална изградба.

Во наредната фаза ќе следи проширување и пробивање на улица со тампонирање.

 

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПЛАТО СО ДЕТСКИ РЕКВИЗИТИ ХА УЛИЦА „СМАИЛИЦА“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПЛАТО СО ДЕТСКИ РЕКВИЗИТИ ХА УЛИЦА „СМАИЛИЦА“

 

Општина Кавадарци преку програмата за комунална изградба реализира проект за поплочување на зона за одмор и игра на улицата „Рајко Жинзифов“.

На површина од 100 метри квадратни се поставуваат бехатон коцки обградени со ниски рабници. Поплочувањето се врши на плато каде се поставени реквизити за игра на деца.

Во склоп на зоната е подигнат и ограден ѕид од украсни цигли. Според проекот предвидено е изградба на фонтана за ввода како и поставување урбана опрема клупи и корпи за отпадоци.

Оваа површина според планот е предвидена за одмор на граѓаните од населбата.

Градежни работи на пешачка патека во с.Ваташа.

Градежни работи на пешачка патека во с.Ваташа.

Градежната механизација е присутна на повеќе локации во општина Кавадарци. Се работи на пешачката патека во селото Ваташа, а во селото Возарци се санираат полски патишта.