Обележување на хоризонтална сообраќајна сигнализација
Во текот на ноќта ,дежурните екипи вршеа обележување на хоризонтална сообраќајна сигнализација на ул.Мито Хаци-Василев Јасмин и булевар Моша Пијаде.
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПОДЗЕМНАТА ИНФРАТРУКТУРА НА ул. „ШИШКА“
Општината Кавадарци во рамките на проектот за пропирување на улицата „Шишка“ работи на реконструкција на дел од водоводната и канализационата мрежа на локацијата кај влезот во Глишиќ.
Оперативата на ангажираната фирма „АС машини“ и на ЈП „Комуналец“ на теренот изведуваат градежни работи за замена на дел од старат водоводна и канализациона линија со што ги подобруваат перформансите на овој дел од градската мрежа.
Општината ги превзама овие активност пред гавната кампања за проширување и целосна реконструкција на улицата „Шишка“.
ПРОБИВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ ПОД ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА
Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ работи на поставување на целосно нова линија од градската водоводна и канализациона мрежа на локацијата од улицата „Западен булевар“ под градските гробишта.
На овој простор Општина Кавадарци го реализира проектот за пробивање на нова траса од улицата во правец север-југ.
Овој капитален комунален проект има за цел да го продолжи „Западен булевар“ во правец на Ваташа, и кон стопанските капацитети во подкожувјето.