Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СРЕДНА ЗОНА ОД ГРАДСКАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СРЕДНА ЗОНА ОД ГРАДСКАТА ВОДОВОДНА МРЕЖА

 

 

Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ преку ангажираната оператива го приведуваат кон крај реализирањето на Проектот за реконструкција на средната зона од градската водоводна мрежа.

Досега се завршени 90% од работите на овој капитален комунален проект на општината.

Деновиве се врши асфалтирање на улицата 14 „Мај“ која е дел од трасата на која се изведуваа градежните работи.

Со средства од „КФВ“ банката на потегот од „Кавадаречки дол“ до „градскиот базен“ се изврши реконструкција на главната водоводна линија од „средна зона“ на вкупна должина од 1330 метри. Интервенции се извршија и на главната линија кон „Дрекслмајер“ и Росоман. На овој потег освен на главната, се интервенираше и на секундарната мрежа каде на повеќе улици беа заменети старите и дотраени цемент-азбесни цевки со нови еколошки на база метал и пластика. Општината реализираше и замена на дел од мрежата на фекалната канализација.

Овој капитален комунален проект има за цел значајно да го подобри водоснабдувањет, како и квалитетот на дистрибуираната санитарна вода до граѓаните. Воедно на минимум би се довела можноста од евентуални дефекти во мрежата.

ДИСЛОКАЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО ГРДАСКАТА  БИБЛИОТЕКА „ФЕТКИН“

ДИСЛОКАЦИЈА НА ВЛЕЗОТ ВО ГРДАСКАТА  БИБЛИОТЕКА „ФЕТКИН“

 

 

Општина Кавадарци започна со реализација на проектот за реконструкција и адаптација на влезот во градската библиотека „Феткин“.

Согласно проектот ќе се изврши дислокација на влезот со што постоечкиот од источната страна се затвара, а се отвара нов влез од северната страна. Тоа значи дека главниот влез во библиотеката и останатите институции во зградата ќе биде од поранешната „кино бавча“. Новата влезна врата е димензионирана да одговара на потребите на овој објект.

Паралелно со дислокацијата на главниот влез се врши замена и на старите прозорци кои гравитираат на скалишното јадро, каде се поставени нови ПВЦ прозорци со термапан стакло.

Со овој зафат за отстранување на пристапните скали, општината ќе обезбеди проширување на патеката низ „тунелчето“, а со тоа и до поголема фрекфенција, како и побезбеден влез во градскиот зелен пазар.

НОВ ПАРКИНГ ПРОСТОР НА БУЛЕВАРОТ  „НИКОЛА МИНЧЕВ“

НОВ ПАРКИНГ ПРОСТОР НА БУЛЕВАРОТ  „НИКОЛА МИНЧЕВ“

Општина Кавадарци во рамките на комуналната изградба по пат на донација од општествено одговорни фирми: „Кожувчанка“, „Градба промет“, „ЈА-МИ“ и „АС Машини“, изгради нов паркинг простор покрај булеварот „Никола Минчев“.

Со поставувањето на хоризонталната и вертикална патна сигнализација се заокружи изградбата на паркингот кој се протега на површина од 950 метри квадратни. Претходно на локацијата беа поставени бехатон коцки, се изврши расчистување, ископ на земја, порамнување и тампонирање како подготовка за поплочувањето.

Со изградбата на овој паркинг општината го зголеми бројот за дополнители 60 нови паркинг местата во градот. Паркингот кој се наоѓа во зелената зона ќе биде во функција на граѓаните од тој дел на Кавадарци, како и за потребите на новиот зелен пазар кој се наоѓа во непосредна близина.

Со овој проект општинта урбанизираше простор кој со години беше запуштен. Од таа површина се отстранија непрописно поставените лимени гаражи, се расчисти шутот и се исчисти од обраснати грмушки и трева.

 

Поставување на нова водоводна линија во с. Дабниште

Поставување на нова водоводна линија во с. Дабниште

Денес се започна со поставување на нова водоводна линија во с.Дабниште. По поставувањето на новата линија ќе се постават и приклучоци за вода до сите куќи во с.Дабниште.

По обилните врнежи предизвикани се свлечишта на патот: Кавадарци-Ресава-Бегниште и Кавадарци-Мушов гроб

По обилните врнежи предизвикани се свлечишта на патот: Кавадарци-Ресава-Бегниште и Кавадарци-Мушов гроб

Поради лошите временски услови и врнежливото време, неколку стебла се паднати по течението на реката Луда Мара во с.Марена. Екипи на Градба Промет и АС Машини работат на терен за да се отстранат стеблата и да се запре излевањето на водата од речното корито. 

Обилните врнежи од дожд, појава на свлечиште има и на патот Кавадарци-с.Ресава-с.Бегниште. Се предупредуваат возачите кои сообраќаат по овој пат да бидат внимателни. Свлечиштето ќе биде санирано во текот на утрешниот ден.

Исто така поради обилниот дожд предизвикано е свлечиште на патот Кавадарци -Мушов гроб. Истото е веднаш санирано и патот е слободен за сообраќај.