Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

НОВ ТРОТОАР НА  УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“ ВО ВАТАША

НОВ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“ ВО ВАТАША

Нов тротоар во Ваташа се изгради во склоп на програмата за комунална изградба на Општина Кавадарци. Оперативата на фирмата „Градба промет“ на површина од 300 метри квадратни постави павер елементи за тротоар на улицата „Ќиро Арсов“.

Според проектот Претходно на таа површина се изврши порамнување и поставување на тампон.

Изградбата на тротоарот е на барање на жителите од тој дел на Ваташа.

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА „ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА“

Општина Кавадарци преку секторот „Мој општинар“ и ЈП „Комуналец“ започна со реализација на проект за хортикултурно уредување на паркот на Револуцијата. Проектот предвидува обновување на тревната површина, кастрење на постојните како и садење на нови дрва и нискостеблести растенија.

Во првата фаза која денеска започна со реализација ќе се работи на поставување подземна линија за полевање, со која ќе се покрие целата површина на двете нивоа на паркот.

Во наредната фаза ќе се реализира хортикултурното уредување.

Loading
ДОПОЛНИТЕЛНА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

ДОПОЛНИТЕЛНА ЗЕЛЕНА ПОВРШИНА НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Општината Кавадарци започна со уредување на постојната и креирање на нова зелена површина на „Западен булевар“.

Деновиве механизацијата на општествено одговорната компанија „ЈА-МИ“ од Кавадарци работи на чистење и порамнување на теренот меѓу улицата „Западен булевар“ и оградата на спортскиот терен на ООУ „Гоце Делчев“. На овој простор се оформува нова зелена површина, каде после порамнувањето ќе се постави подземна линија за полевање и покривањето со плодна земла.

Во наредната фаза на оваа новоформирана зелена површина ќе биде посеана трева, засадени нискостеблести растенија како и дрва одрворедот на „Западен булевар“.

Исто така ќе биде извршено и хортикултурно доуредување на соседаната постојна зелена површина кај мерната станица за амбиентале воздух над училиштето „Гоце Делчев“.

Loading
НОВ ПАРКИНГ КАЈ ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

НОВ ПАРКИНГ КАЈ ГРАДСКИТЕ ГРОБИШТА

Денеска градоначалникот Митко Јанчев, во придружба на директорот на ЈП „Комуналец“ Ѓорѓи Поп-Ицов, раководирелот на РЕ „Гробишта“ Развигор Камбранов и советникот Јосиф Стојанов изврши промоција на новиот паркинг лоциран на второто ниво крај градските гробишта.

„Со изградбата на овој паркинг ќе биде разрешен проблемот со паркирањето на возила, кое беше едно од најнепријатните работи кога живите одеа да ги посетат вечните почивалишта на блиските“ истакна градоначалникот Јанчев.

Во обраќањето кон јавноста тој додаде: „Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ во овој проект вложија речиси 3,5 милиони денари за комплетно решавање во една од најважните работи кога говорме за градските гробишта. Извршена е експропријација, уредување на земјиштето, поплочивање, а во тек е доуредување на целиот простор со што одеднаш ќе можат да се паркираат над 100-тина возила. За време на големи верски празници и обичаи и во време на верски обреди сега нема да има нервози и проблеми поврзани со паркирањето и престојот овде“.

Јавното претпријатие „Комуналец“ купи нов плац со што проблемот со погребен простор е решен за подолго време. Потоа како дел од активностите изврши комплетно оградување на Градските гробишта со што се оневозможи влегување на стока и други несакани посетители. Секојдневно се прават пристапни патеки до гробните места, просторот се доуредува, ќе се гради санитарен јазол, чешми, се вложуваат пари во разни комунални објекти потребни за граѓаните со што овој објект, собено во новиот дел, ќе ги содржи сите потребни работи за престој и оддавање почит на покојните.

НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША ПРЕДАДЕН  ВО УПОТРЕБА

НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША ПРЕДАДЕН ВО УПОТРЕБА

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и директорот на Агенцијата за државни патишта, Зоран Китанов, денесак го предадоа во употреба новиот мост на реката Луда Мара во Ваташа.

Жителите на селото добија нов мост на ректа со што се обезбедува поголема безбедност во сообраќајот. Мостот ги поврзува, Кавадарци и Ваташа со селата од под кожувјето. Општината со свои средства работеше на инфраструктурно уредување на мостот.

Во обраќањето градоначалникот Јанчев рече: „Ова е долго очекуван и посакуван проект за општина Кавадарци и селото Ваташа. Стариот мост беше во катастрофална состојба и поставен во лоша позиција. Според анализите, годишно над 10 до 15 сообраќајки некогаш и со посериозни последици по учесниците во сообраќајот. На барање на општината успеавме да изготвиме заедничко решение со владата и Агенцијата за патишта. На овој дел се движат тешки возила од македонски шуми и стопанските субјекти кои гравитираат кон Кожув“.

Јанчев нагласи дека инвестицијата е на вистинското место и овој мост ќе биде од големо значење и по отворањето на граничниот премин Пуљевац кон Грција.

Државата, преку Агенцијата за патишта инвестираше 500 илјади евра за изградба на мостот. Директорот на Агенцијата за патишта Китанов нагласи

„Кога прашав минатиот пат, жителите на Ваташа ми рекоа дека не знаат колку коли имаат извадено од реката, поради небезбедниот мост. Еве го новиот мост завршен, направен по сите правила и прописи. Благодарност до општината и градоначалникот што инфраструктурно не следеа за сликата да биде уште подобра, а граѓаните позадоволни.“ рече Китанов и нагласи дека во Тиквешијата е завршена реконструкцијата на два моста на реката Вардар и се пуштени во функција.