Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

НАМЕСТО САНАЦИЈА НА РОВ ОД КАНАЛИЗАЦИЈА ОПШТИНАТА ИЗВРШИ ЦЕЛОСНО АСФАЛТИРАЊЕ

НАМЕСТО САНАЦИЈА НА РОВ ОД КАНАЛИЗАЦИЈА ОПШТИНАТА ИЗВРШИ ЦЕЛОСНО АСФАЛТИРАЊЕ

На барање на граѓаните кои живеат на спојот од улиците „Бигла“ и „Диме Поцев“ Општина Кавадарци преку оперативата на ЈП „Комуналец“ изврши целосно асфалтирање на тој потег.

На оваа локација претходно комуналното претпријатие интервенираше на канализационата линија. Но наместо санирање само на ровот, општината ги слушна барањата на жителите и реализираше целосно асфалтирање на тој потег од улиците.

Со асфалтирањето на граѓаните им се овозможи безбедна комуникација, а престојанва зима повеќе нема да газат во кал. 

ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА ОБНОВА НА ФАСАДИТЕ  ВО ЦЕНТАРОТ НА КАВАДАРЦИ

ПРОДОЛЖУВА ПРОЕКТОТ ЗА ОБНОВА НА ФАСАДИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА КАВАДАРЦИ

 

 

Со санација на надворешниот изглед на зградата број 2 на улицата „Браќа Хаџи-Тефови“ продолжува проектот за обновување на фасадите на зградите во централното градско подрачје.

Ова е деветта зграда по ред, на која Општината преку оперативата на ангажираната фирма „Метал Апостолов“ врши фарбање на фасадата, обнова на сачокот и на олуците.

Општината преку реализација на овој проект постигнува две главни цели: поголема безбедност за граѓаните со отстранување на опасноста од евентуална повреда од откинати делови на руинирана фасади, како и подобрување на есетиката на зградите и подобрување на изгледот на централното градско подрачје.

Општината проектот го реализира согласно прогамата за обновување на дотраените фасади на зградите во центарот на градот,  

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА  „ЌИРО АРСОВ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“

Оперативата на фирмата „Градба промет“ поставува павер елементи на новиот тротоар на улицата „Ќиро Арсов“ во Ваташа. Изградбата на тротоарот е на барање на жителите од тој дел на Ваташа, а во рамките на програмата за комунална изградба, финансирана од општинскиот буџет.
Според проектот бехатон коцки ќе се постават на површина од 300 метри квадратни. Претходно на таа површина се изврши копање, порамнување и поставување на тампон.

ЗАВРШНО АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ  ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

ЗАВРШНО АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

Уште еден проект изграден согласно програмата за комунална изградба, финансирана од општинскиот буџет Општината успешно го реализира и го предаде на користење на гражаните.
Денеска преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ се асфалтираше последниот дел на новопробиениот коловоз од улицата „Доне Попов“.
Согласно проектот претходно на локацијата со вкупна површина од 660 квадратни метри се проби нов коловоз, потоа се поставуваа рабници во должина од 240 метри, со што се оформи улица на која се постави и тампон.
Општината овој проект го реализира на барање на граѓаните од населбата „Голи оток“.

ЗАВРШНИ РАБОТИ НА НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

ЗАВРШНИ РАБОТИ НА НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

Оперативата на ангажираната фирма „Жикол“ од Струмица ги изведува завршните работи на новиот мост во Ваташа.
Во последната фаза од изградбата се довршува просторот за хортикултурно уредување од десната страна на реката Луда Мара, и се зајакнува оградата на стариот мост, кој ќе биде пренаменет во пешачки. За таа цел се посатвуваат бехатон коцки со што се продолжува тротоарот на улицата „Страшо Пинџур“ од страната на малиот парк.
Предвидено е новиот мост на реката Луда Мара во Ваташа кој е клучен сегмент од регионалниот пат Кавадарци-Мушов гроб да биде предаден во употреба идната недела.