Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

НОВА ЛИНИЈА ОД ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

НОВА ЛИНИЈА ОД ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА НОВИОТ МОСТ ВО ВАТАША

Како дел од инфраструктурата на новиот мост во Ваташа е и линијата за јавно улично осветлување. Објектот ќе биде осветлен со четири ниски стлобови од 5 метри и еден висок 10 метарски столб конзола со 3 краци.
На нив се поставени еколошки ЛЕД светилки кои ќе го осветлуваат новиот мост и неговата околина. На ниските столбови се наоѓаат светилки со моќност од 30 W, а на високиот столб секоја светилка е со моќност од 80 W.

АСФАЛТИРАН РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БИГЛА“

АСФАЛТИРАН РЕКОНСТРУИРАНИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БИГЛА“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на градежната фирма „Градба промет“ изврши асфалтирање на делница од улицата „Бигла“ во УЗ „Страшо Пинџур“.
Според проектот нов асфалт се постави на рконструираната делница од 100 метри од улицата. Претходно беше отстранет дотраениот и оштетен асфалт, по што се постави тампон, а во завршната фаза вчера доцна попладне са асфалтираше делницата која се протега на стрмна угорница.
И овој проект се реализира на барање на граѓаните, а општинат од денеска им предаде во функција реконструрана улица по која ќе се одвива посигурен и побезбеден сообраќај.

НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

НОВА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Општината Кавадарци преку Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ деновиве работи на поставување на нова водоводна линија долж „Северен булевар“.

Станува збор за проширување на градската водоводна мрежа во долж „Северен булчевар“на потегот од спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ до спојот цо Булеварот “Никола Минчев“. Комуналци овде поставија ПВЦ црево со профил фи 63. Преку оваа линија со градската водоводна мрежа ќе се поврзат објектите од индустриската зона покрај обиколницата.

ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“

ТРОТОАР НА УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“

Општина Кавадарци во склоп на програмата за комунална изградба започна со реализација на нов комунален проект во Ваташа. Оперативата на фирмата „Градба промет“ гради тротоар на улицата „Ќиро Арсов“.

Денеска започнаа градежните работи на расчистување на просторот за изградба на тротоар. Според проектот на површина од 300 метри квадратни ќе се постават павер елементи. Претходно на таа површина ќе се изврши порамнување и поставување на тампон.

Изградбата на тротоарот е на барање на жителите од тој дел на Ваташа.

ТАМПОНИРАЊЕ НА НОВИТЕ УЛИЦИ  ВО НАСЕЛБАТА „ЈАСМИН“

ТАМПОНИРАЊЕ НА НОВИТЕ УЛИЦИ ВО НАСЕЛБАТА „ЈАСМИН“

 Фирмата „Градба промет“ деновиве работи на поставување на бетонски рабници нивелирање и тампонирање на улиците, од комуналниот проект на Општина Кавадарци за изградба на улици во населбата „Јасмин“.

Согласно Деталниот урбанистички план општината изврши пробивање на нови улици со што се оформија комунациите за индивидуалните станбени објекти во тој дел на градот под СЦ „Јасмин“.

Според проектот пробиени се четири нови улици на два споја со регионалната улица „8-ми Септември“ која води кон Винарската визба „Тиквеш“.

Реализацијата на проектот е на барање на жителите од оваа населба, а општината со изградбата им овозможи повеќе да не газат кал.

Loading