РАСЧИСТУВАЊЕ НА НАНОСИ ОД ОДВОДЕН КАНАЛ ВО ГЛИШИЌ
Општина Кавадарци во соработка со општествено одговорната компанија „Ја-Ми“ од Кавадарци продолжи со акцијата за расчистување на наноси од земја долж затрупаните одводни канали.
Механизацијата денеска работеше на расчистување на одводниот канал на улицата „Шишка“ на излезот од Глишиќ кон Марена. Се работи со два багера и два камиони, кои во текот на акцијата отстраниа 500 кубни метри земја. Се расчисти одводен канал во должина од 500 метри од улицата до коритото на реката Луда Мара.
Претходно во склоп на акцијата беа исчистени и одводните канали за зафаќање на атмосферската водо од локалниот пат Марена-Сопот.