Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ЕСЕНСКО КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДИТЕ

ЕСЕНСКО КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДИТЕ

Во тек е редовното кастрење на дрворедите кое Општина Кавадарци го реализира преку Јавното претпријатие „Комуналец“.
Работите ги извршува организационата единица „Паркови и зеленило“, а се работи на интервенција на дрворедите со кастрење на обраснати гранки, како и отстранување на сувите гранки кои се потенцијална опасност за пешаците и возачите.
Во оваа фаза со акцијата на општината се опфатени улиците: „Тиквешко востание“ и „Илинденска“.
Покрај ЈП „Комуналец“ во акцијата како помагател со механизација и работна рака е вклучена и општествено одговорната компаниа: „Матал Апостолов“.

ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД ТРОТОАР ВО СЕЛО СОПОТ

ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД ТРОТОАР ВО СЕЛО СОПОТ

Оперативата на ангажираната фирма „Патио монт“ го реализира проектот за изградба на тротора во селото Сопот. Поплочена е делница од тротоарот на главната улица на локација наспроти селките гробишта.
Согласно проекото на локацијата прво се расчистуваше и порамнуваше теренот, по што се поставија мали рабници и тампон, а во завршната фаза и бехатон плочки.
Проектото е во склоп на програмата за комунална изградба, а се реализира на барање на жителите од Сопот.

ПОПЛОЧЕН ПРИСТАП ВО МАРЕНА

ПОПЛОЧЕН ПРИСТАП ВО МАРЕНА

Ангажираната оператива на фрмата „Патио Монт“ од Кавадарци релизира урбанизиран пристап на улица-споредна во село Марена што ќе служи за пристап на лице со пречки во движењето. На површина од 100 квадратни метри се поставени бехатон плочки, откако претходно се оформи пристап со мали рабници и тампон.
Општината проектото го реализира на барање на жителите од тој дел на Марена.

ЛЕГНАТИ ПРЕЧКИ ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

ЛЕГНАТИ ПРЕЧКИ ЗА ПОБЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ НИЗ ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ

Општината Кавадарци продолжува со реализација на сообраќајниот проект за подигање на испакнати асвалтни пречки за забавување на сообраќајот низ градските улици, популарно наречени „легнати полицајци“.
Нови асфалтни испакнатини денеска се поставиа на улицата „Страшо Пинџур“ 1 пречка, како и две помали пречки на улицата „Народни херои“ пред влезот во ваташката детска градинка. Истите ќе бидаат соодветно одбележани со вертикална и хоризонтална сообтаќајна сигнализација.
Од безбедносни причини општината вакви пречки постави близу образовните институции како и на правците каде се вози со брзина поголема од дозволената.