Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦА ВО ВАТАША

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦА ВО ВАТАША

Оперативата на фирмата „АС-Машини“во селото Ваташа реализираше проект на Општина Кавадарци за поплочување на крак од улицата „Данко Дафков“.

Се работи за поставување на бехатон плочки согласно потребите и барањата на жителите од Ваташа кои гравитираат на оваа улица.

ЗАВРШНО ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА  „ПЕРО ВИДЕВ“ ВО ВАТАША

ЗАВРШНО ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“ ВО ВАТАША

Оперативата на фирмата „АС-Машини“ ја спроведува завршната фаза на проектот на Општина Кавадарци на дел од улицата „Перо Видев“ во село Ваташа.

На потегот од кејот на реката Луда Мара до старата селска чешма се оформуваат тротоари, по што ќе се поставуваат павер елементи.

Претходно Општината преку ЈП „Комуналец“ долж целата траса на улицата изврши замена на старата со нова водоводна линија, по што следуваше нејзино цело поплочување.

ПОПЛОЧУВАЊЕ ВО СЕЛО СОПОТ

ПОПЛОЧУВАЊЕ ВО СЕЛО СОПОТ

Оперативата на ангажираната фирма „Патио монт“ започна со реализација на проектот за изградба на тротора во селото Сопот. Проектото предвидува изградба на делница од тротоарот на главната улица на локација наспроти селките гробишта.
Денеска се расчистуваше и порамнуваше теренот, како подготовка за поставување на мали рабници, тампон и во завршната фаза бехатон плочки.
Проектото е во склоп на програмата за комунална изградба, а се реализира на барање на жителите од Сопот.

СО АСФАЛТИРАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“  ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ МСИП

СО АСФАЛТИРАЊЕ НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“ ЗАВРШИ ПРОЕКТОТ МСИП

 

 

Ангажираната оператив во реализацијата на проектот МСИП за реконструкција на главните улици во Кавадарци продолжи со завршното асфалтирање на булеварот „Никола Минчев“.

Денеска се асфалтираше последната делница од спојот со булеварот „Македонија“ до спојот со булеварот „Моша Пијаде“ кај кружниот тек „автобуска станица“.

На оваа улица се реконструираше вкупна површина од 10.000 квадратни метри на целата должина од Обиколницата до кружниот тек кај автобуската станица.

Со асфалтирањето на булеварот „Никола Минчев“ Општината заврши со реализацијата на капиталниот проект за реконструкција на главните улици во Кавадарци со кој беа опфатени и сообраќајниците: „Северен булевар“, булевар „Моша Пијаде“ и булевар „Цветан Димов“ како и улисите:  ул. „7 Септември“, ул. „Мито Хаџи-Василев“, ул. „Пано Мударов“, ул. „Тиквешко востание“, ул. „Цано Поп-Ристов“ и улицата „Страшо Пинџур“.

Финсниските средства за овој капитален проект се обезбедени преку Одлука за долгорочно домашно задолжување на Општина Кавадарци, преку потпишување на Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, а со цел финансирање на капитални инвестициони проекти,  МСИП.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРИСТАП ВО МАРЕНА

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ПРИСТАП ВО МАРЕНА

Општината Кавадарци во рамките на програмата за комунална изградба реализира проект за поплочување на пристап во селото Марена.
Ангажираната оператива на фрмата „Патио Монт“ од Кавадарци деновиве работи на оформување на урбанизиран пристап. Проектот се однесува на урбанизирање на улица-споредна што ќе служи за пристап на лице со пречки во движењето. Во оваа фаза се поставиа мали рабници, по што ќе следи тампонирање, а во завршната фаза и поставување на бехатон плочки на површина од 100 квадратни метри.
Овој хуман социјален проект општината го реализира на барање на жителите од тој дел на Марена.