Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

УРБАНИЗИРАЊЕ НА АВТОБУСКА ПОСТОЈКА   ВО МАРЕНА

УРБАНИЗИРАЊЕ НА АВТОБУСКА ПОСТОЈКА  ВО МАРЕНА

Оперативата на фрмата „Патио Монт“ од Кавадарци деновиве во селото Мрена спроведе уредување на простор со бехатон плочки на вкупна површина од 130 квадратни метри. Проектот се однесува на урбанизирање на плато пред автобуската постојка во селото веднаш до сопосткиот мост на реката Луда Мара.

Општината овој проект го реализира на барање на жителите од тој дел на Марена.

Со овие зафат општината привршува со реализацијата Програмата за комунална изградба 2019 година, во селото Марена.

 

АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛНИЦА ОД  БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА ДЕЛНИЦА ОД БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

Општината Кавадарци продолжува со реализација на проекти со кои се подобрува коловозот на градските улици.

Денеска ангажираната оператив започна со поставување на порамнителен слој асфалт како подготовка за завршното асфалтирање на булеварот „Никола Минчев“.

Денеска се порамнуваше потегот од спојот со обиколницата „Северен билевар“ до спојот со булеварот „Цветан Димов“ кај новиот кружен тек до зградата на Граничната полиција. Во наредните денови ќе се изврши порамнување на целата должина од Обиколницата до кружниот тек кај автобуската станица.

Општината на оваа улица ќе реконструира површина од 10.000 квадратни метри. Реконструкцијата на улицата е во склоп на проектот МСИП што општината го реализира преку ЕУ и Светска банка. 

СОБИРАЊЕ НА ЛИСЈАТА ОД УЛИЦИТЕ

СОБИРАЊЕ НА ЛИСЈАТА ОД УЛИЦИТЕ

По налог на Општина Кавадарци, оперативата на ЈП „Комуналец“ деновиве спроведува акција за собирање на паднатите есенски лисја од тротоарите и јавно прометните површини во градот. Лисјата се собираат со специјално комунално возило, откако претходно беа пометени и собрани во купи.

Паднати лисја насекаде им создава проблеми како на граѓаните така и на работниците во градските служби задолжени за чистење на јавните површини. Со оваа еко акција тие проблеми ќе се отстранат, а градот ќе биде по чист.

СЕ ИЗВРШИ БЕТОНИРАЊЕ НА ПЛОЧНИКОТ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“

СЕ ИЗВРШИ БЕТОНИРАЊЕ НА ПЛОЧНИКОТ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ИЛИНДЕНСКА“

 Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Пирамид билдинг“ од Скопје, денеска изврши бетонирање на плато на вкупна површина од 200 квадратни метри.

Овој комунален проект се однесува на реконструкција на оштетен плочник на крак од улицата „Илинденска“ во делот на БИТ зоната, зад зградта кај поранешен „Беко“.

Со овј зафат ќе се санираат и оштетувањата на плочникот во тој дел на централната градска улица.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦА ВО СЕЛОТО МАРЕНА

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦА ВО СЕЛОТО МАРЕНА

Општината Кавадарци во рамките на програмата за комунална изградба реализира проект за поплочување на улица во селото Марена.

Ангажираната оператива на фрмата „Патио Монт“ од Кавадарци деновиве работи на поставување на бехатон плочки на вкупна површина од 400 квадратни метри. Проектот се однесува на урбанизирање на улицата „Диме Тодоров“ – споредна.

Претходно дел од оваа улица беше тампониран, а во оваа фаза се поставиа мали рабници на одреден дел и нов тампон.

Проектот општината го реализира на барање на жителите од тој дел на Марена.