ОФОРМЕН НОВ КРУЖЕН ТЕК НА БУЛЕВАРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ
Општината Кавадарци продолжува со реализација на проекти со кои се подобрува и унапредува движењето по градските улици.
Ново сообраќајно решени со кружно движење на возилата е изградено на булеварот „Никола Минчев“ кај зградата на Граничната полиција.
Новиот кружен тек ќе обезбеди побрзо движење на возилата како и поекономична регулација на сообраќајот бидејќи нема потреба од поставување на семафори.
Со овој нов кружен тек се отстранува уште едно тесно грло на прометна улица кај спојот со булеварот „Цветан Димов“ како и со обиколницата „Северен булевар“.