ОБЕЛЕЖАНА ХОРИЗОНТАЛНАТА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА ОБИКОЛНИЦАТА
Специјализираната екипа на ЈП „Комуналец“ изврши обележување на хоризонталната патна сигнализација на коловозот на обиколницата „Северен булевар“. Со бела флуоресцентна боја се обележаа: стрелките покажувачи на правец, пешачките премини како и полните и испрекинатите линии. Со тоа се комплетира проектот обиколница.
Повторената реконструкцијата на обиколницата беше неопходна откако се појавија оштетувања на завршниот фин слој на асфалт по нејзиното прво обновување во јуни годинава.
Трошоците за реасфалтирањето ги сноси изведувачот.