Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ОБНОВЕН АСФАЛТОТ НА ОБИКОЛНИЦАТА  „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

ОБНОВЕН АСФАЛТОТ НА ОБИКОЛНИЦАТА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Обновувањето на  асфалтот на обикоплницата „Северен булевар“ е во завршна фаза. Градежната механизација на ангажираната оператива ги поставува завршните метри од новиот асфалт на оваа прометна регионална улица.

Овој зафат е на барање на општината, а се однесува на отстранување на пропустите и оштетувањата на сфалтот кои настанаа во текот на употребата.

Новото асфалтирање е на товар на изведувачот

ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“ ВО ВАТАША

ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦАТА „ЌИРО АРСОВ“ ВО ВАТАША

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ реализира проект за изградба на армирано-бетонски ѕид за стабилизација на земјиштето на дел од улицата „Ќиро Арсов“ во Ваташа.

 Според проектот се гради потпорен ѕид во должина од 12 метри, на споредна улица околу која гравитираат повеќе индивидуални станбени објекти. Со неговата изградба општината ќе создаде услови за по безбедна комуникација и отстранување на евентуална опасност.

Ѕидот се гради на барање на жителите од овој дел на Ваташа, а е во склоп на програмата за комунална изградба.

ПОРАДИ ОШТЕТУВАЊЕ СЕ ГРЕБЕ НОВИОТ АСФАЛТ НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

ПОРАДИ ОШТЕТУВАЊЕ СЕ ГРЕБЕ НОВИОТ АСФАЛТ НА „СЕВЕРЕН БУЛЕВАР“

Поради оштетување на новиот асфалт на ул„Северен булевар“, Општина Кавадарци превзеде соодветни мерки за негово санирање. Денес ангажираната оператива започна со гребење на оштетениот асфалт од целокупната површина на улицата. Трошоците за санирање на пропустот се на товар на изведувачот.
Реконструкцијата на обиколницата „Северен булевар“ беше завршена во јуни годинава.

АСФАЛТИРАН КРАК ОД УЛИЦАТА „ПРАВЕДНИЧКА“

АСФАЛТИРАН КРАК ОД УЛИЦАТА „ПРАВЕДНИЧКА“

Оперативата на кавадаречката фирма „Градба промет“ афлатираше крак од ул.„Праведничка“. Според проектот на општина во оваа фаза се постави асфалт на површина од 350 метри квадратни на однапред подготвена тампонирана подлога.
Асфалтирањето е дел од програмата за комунална изградба, а општината го реализираше на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.

 

СОЅИДАН ПОТПОРЕН ЅИД НА  УЛИЦАТА „7-МИ СЕПТЕМВРИ

СОЅИДАН ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦАТА „7-МИ СЕПТЕМВРИ

Екипа на ЈП „Комуналец“ реализираше уште еден проект на Општина Кавадарци. На локацијата кај старатa адвентистичка црква е подигнат нов потпорен ѕид од бетонски цигли во должина од 6 метри. Со овој проект општината санираше критична точка на главната градска улица „7-ми Септември“.
Претходно по иницијатива на службата „Мој општинар“, ЈП„Комуналец“ го отстрани стариот руиниран потпорен ѕид кој беше потенцијална опасност за пешаците и сообраќајот на улицата. Се расчисти просторот со скип и трактор, при што се отстрани извесно количество отпад и шут, неколку самоникни дрва, камења и земја.
Сега овој дел на тротоарот е безбеден за движење на пешаците, и повеќе не претставува опасност, ниту пак е грда слика во централното градско подрачје.