Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

СЕ РЕКОНСТРУИРА КРАК ОД УЛИЦАТА  „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

СЕ РЕКОНСТРУИРА КРАК ОД УЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Оперативата на фирмата „РМК градба“ од Скопје започна со подготовка за реконструирање на крак од улицата „Методи Џунов-Џико“ над поранешната фабрика „Таска“.

Според проектот треба да се отстрани стариот и дотраен асфалт и да се постави тампон. Општината на местото на стариот асфалт ќе постави бехатон плочки. Предвидено е да се реконструира површина од 230 метри квадратни.

Реконструкцијата на улицата е во рамките на Програмата за комунална изградба, а општината го реализира проектото на барање на жителите кои гравитираат кон оваа улица.

Loading
ПРИВРШУВА ПРОЕКТОТ ЗА НОВА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦИ

ПРИВРШУВА ПРОЕКТОТ ЗА НОВА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦИ

Одделението за патишта и патен сообраќај при Општина Кавадарци привршува со проектот за поставување на нови знаци од вертикалната патна сигнализација.
Деновиве на на кружните текови на улицата „7-ми Септември“ кај мостот и кај „Партизан“ се поставиа физички пречки за означување на сообраќајните површини, како и знаци за извесување во кружна и правоаголна форма кои се составен дел од вертикалната сообраќајна сигнализација.
Физички пречки се поставуваат и на раскрсниците, пешачките острови и премини на повеќе локации низ градските улици
Според проектот општината ќе постави 300 пластични столбови во црвена боја со бели флуоресцентни ленти, за видливо означување и одделување на сообраќајните површини низ улиците во градот.
Со овој проект во значителна мерка ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „КЛИНСКА“

Градежната оператива на фирмата „РМК градба“ од Скопје, деновиве работи на поплочување на крак од улицата „Клинска“ над „Калнички дол“
Општината овде интервенира со поставување на бехатон коцки, а претходно се изврши нивелирање и тампонирање.
Проектот е во рамките на комуналната изградба за поплочување на улици во Урбаните заедници, а истиот се реализира на барање на жителите од овој дел на градот.

СЕ ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК НА БУЛЕВРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

СЕ ГРАДИ КРУЖЕН ТЕК НА БУЛЕВРОТ „НИКОЛА МИНЧЕВ“

Општина Кавадарци реализира проект за изградба на кружен тек на спојот на булеварот „Никола Минчев“ со булеварот „Цветан Димов“.

Со ова ново сообраќајно решение општината решава уште едно тесно сообраќајно грло на две значајни прометни сообраќајници. Новиот кружен тек комуникацијата и протокот на возилата од центарот кон зградата на УЈП и Граничната полиција, кон Црквата Св.„Петка“ и „Северен булевар“ ќе ја направи побрза и многу побезбедна.

 По изградбата на овој седми по ред кружен тек во Кавадарци општината во многу ќе ја зголеми безбедноста и пропустната моќ на главните улици во новиот центар.  

 

ОТСТРАНЕТА ПОТЕНЦИЈАЛНА ОПСАНОСТ ПО ПЕШАЦИТЕ И СООБРАЌАЈОТ

ОТСТРАНЕТА ПОТЕНЦИЈАЛНА ОПСАНОСТ ПО ПЕШАЦИТЕ И СООБРАЌАЈОТ

 Општина Кавадарци – Мој општинар, и екипа на ЈП „Комуналец“ денеска отстранија стар руиниран потпорен ѕид кој беше потенцијална опасност за пешаците и сообраќајот на улицата „7ми Септември“.

Станува збор за стар ѕид од камен на локацијата кај старата Адвентистичка црква позната како „нововерската црква“. Комуналци го расчистија просторот со скип и трактор, при што отстранија извесно количество отпад и шут, неколку самоникни дрва, камења и земја.

Општината откако го расчисти просторот ќе изгради нов потпорен ѕид, со што ќе отстрани сериозна опасност по граѓаните кои го користат тротоарот  кој е еден од нафрекфентните.