Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ТАМПОНИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПОЛОШКА“

ТАМПОНИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПОЛОШКА“

Ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци продолжува со реконструкција на дел од улицата „Полошка“. Денска се вршеше тампонирање и порамнување после што ќе следи поставување нови рабници, па асфалтирање на целокупната површина предвидена за ревитализација.

Според проектот целосно ќе се реконструраат 600 метри квадратни коловозна површина, како и 320 квадратни метри тротоари.

Во првата фаза беа отстранети: стариот асфалт, рабниците и дотраените бетонските тротоари.

Овој ком унален проект е дел од кампањата (мај-октомври) за реконструкција на  улици и објекти во урбаните и месните заедници во Општина Кавадарци.

Проектот се реализира во рамките на Програмата за комунална изградба, на барање на граѓаните од овој дел на Кавадарци.

Loading
НОВА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА КАВАДАРЕЧКИТЕ УЛИЦИ

НОВА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА КАВАДАРЕЧКИТЕ УЛИЦИ

Општината Каваради преку службата за патишта и патен сообраќај денеска започна акција за поставување на нови знаци од вертикалната патна сигнализација.

Во наредниот периот на локациите на кружните текови, раскрсниците, пешачките острови и премини ќе се постават физички пречки за означување на сообраќајните површини, како и знаци за извесување во кружна и правоаголна форма кои се составен дел од вертикалната сообраќајна сигнализација.

Според проектот општината на овие локации ќе постави 300 пластични столбови во црвена боја со бели флуоресцентни ленти, за видливо означување и одделување на сообраќајните површини низ улиците во градот.

Со овој проект во значителна мерка ќе се подобри безбедноста во сообраќајот.

ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТ НА ПРОЕКТОТ ЗА ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ

ПРОДОЛЖУВА РЕАЛИЗАЦИЈАТ НА ПРОЕКТОТ ЗА ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ

Реализацијата на проектот на Општината Кавадарци за подигање на нови зелени површини на повеќе локации во градот е во полн ек.
Денеска екипи на ЈП „Комуналец“ и службата „Мој општинар“ работеа на „Западен Булевар“ кај СЦ „Јасмин“ каде се постави систем за наводнување. Просторот предвиден за хортикултурно уредување е со површина од 1.300 метри квадратни. Овде ќе се посее трева, ќе се засадат зимзелени декоративни садници, а ќе се оформи и дрворед од влезот во паркингот на салата до „старата бензинска“.
Проектот по идеја на градоначалникот Јанчев опфаќа повеќе локации на кои што ќе се изврши хортикултурно уредување. Нови зелени површини ќе има на: ул.„Илинденска“, кејот во Ваташа, Булеварот „Цветан Димов“, ул, „Блажо Алексов“, просторот околу градинката кај ООУ „Гоце Делчев“, како и на улиците „Ѓоре Брушански“, ул.„Слога“ и ул.„Калница“ паркче во УЗ „Страшо Пинџур“.
Проектот треба да бидат завршен во тековната година.

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД  „КАВАДАРЕЧКИ ДОЛ“

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД „КАВАДАРЕЧКИ ДОЛ“

Градот ќе добие уште една зелена површина. Во склоп на еколошкиот проект за хортикултурно уредување, општината преки ЈП „Комуналец“ работи на формирање зеленило на локација кај поројницата „Кавадаречки дол“.

На површина од 1.500 метри квадратни денеска се подготвуваше теренот за хортикултурно уредување. Според планот на оваа локација ќе се посее трева ќе се засадат зимзелени декоративни дрвца, а ќе биде целосно обновен и дрворедот на улицата „Ѓоре Брушански“ од левата страна на долот.

Претходно екипа од ОЕ „Водовод“ при ЈП „Комуналец“ постави мрежа за полевање.

И оваа зелена површина е дел од еколошкиот проект по идеја на градоначалникот Митко Јанчев.

 

ПОСТАВУВАЊЕ РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „ЈОВАНЧЕ ВЕЛКОВ“

ПОСТАВУВАЊЕ РАБНИЦИ НА УЛИЦАТА „ЈОВАНЧЕ ВЕЛКОВ“

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ работи на поставување на рабници на улицата „Јованче Велков“ која се наоѓа од јужната страна од поројницата „Кавадаречки дол“.

Согласно проектот треба да бидат поставени 940 метри бетонски рабници кои ќе оформат улица во должина од 470 метри. Во оваа фаза од изградбата на улицата беше поставен и тампон, како подготовка за асфалтирање.

Реализацијата на овој проект од општината е на барање на жителите од тој дел на Кавадарци каде има интензивна урбанизација и изградба на индивидуални станбени објекти.

Loading