Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ ВО УЗ „КУЛА“

ПАРТЕРНО УРЕДУВАЊЕ ВО УЗ „КУЛА“

Проектот на општината Кавадарци за партерно уредување во Урбаната заедница „Кула“ продолжува. Сувото и пријатно време овозможува непречена реализација на проекти согласно Програмата за комунална изградба.

Деновиве оперативата на кавадаречката фирма „Градба промет“ работи на подготовка на теренот за партерно уредување на просторот околу комплексот згради што се наоѓаат кај спојот на булеварите „Никола Минчев“ со „Кочо Рацин“.

На оваа локација под хотелот „Уни Палса“ 1, се подготвува изградба на сообраќаен пристап, пешачки патеки и тротоари. Претходно беа паоставени и нови тенки рабници, по што треба да уследи тампонирање и поплочување.

Општината сега заокружува поголема комунална кампање на овој простор, од каде претходно се отстраниа лимени гаражи, се расчисти отпад и шут, се кастреше бујна вегетација, се прошири и преасфалтира паркинг, и се изградинов, се огради спортски терен и се изврши хорти културно уредување.

Loading
ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДИГАЊЕ НОВИ ЗЕЛЕНИ ПООВРШИНИ

ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ ЗА ПОДИГАЊЕ НОВИ ЗЕЛЕНИ ПООВРШИНИ

Денеска Општината Кавадарци преку  службата Мој општинар и ЈП „Комуналец“ започна со реализација на проектот за подигање на нови зелени површини на повеќе локации во градот. Планот и динамиката беа одредени на состанок со градоначалникот Јанчев на чија идеја се реализира овој еколошки проект.

Просторот  на „Западен Булевар“ кај СЦ „Јасмин“ е првата локација на која се почна со реализацијата. Откако ќе се расчисти теренот, ќе се постави систем за наводнивање, ќе се посее трева и ќе се засади дрворед.

Планот опфаќа повеќе локации на кои што ќе се изврши хортикултурно уредување: ул.„Илинденска“, кејот во Ваташа, Булевар „Цветан Димов“, ул, „Блажо Алексов“, просторот околу градинката кај ООУ „Гоце Делчев“, како и на улиците „Ѓоре Брушански“, ул.„Слога“  и ул.„Калница“ паркче во УЗ „Страшо Пинџур“. Проектот треба да бидат завршен во тековната година.

Loading
ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ КАЈ САЛАТА „ЈАСМИН“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ КАЈ САЛАТА „ЈАСМИН“

Оперативата на фирмата „КОП Инжинеринг“ работи на поплочување на тротоар на „Западен булевар“ кај спортската сала „Јасмин“. Ова е преостаната делница за поплочување на тротоарите на оваа регионална улица на локацијата кај новиот кружен тек  ВВ „Тиквеш“.

Според проектот треба да се поплочат последните 600 метри квадратни со павер елементи. Оваа изградба е во рамките на Програмата за комунална изградба 2019 година.

Со завршувањето на работите општината на граѓаните ќе им отстапи на користење  современ и урбанизитран простор на потегот од кружниот тек ВВ „Тиквеш“ до  раскрсницата кај „Градската капела“.

Loading
Поплочување на тротоарите на крак од ул.„Страшо Пинџур

Поплочување на тротоарите на крак од ул.„Страшо Пинџур

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива деновиве работи на поплочување на тротоарите на проширувањето на крак од ул.„Страшо Пинџур“, кај „Кавадаречки дол“.
Тротоарите се дел од се проширувањето на коловозната лента од сегашните 2,8 метри на 5 метри. Проширувањето е во должина од 100 метри, а е на делницата од главната траса на „Страшо Пинџур“ во правец на спој со улицата „Ѓоре Брушански“.
Општината овој проект го реализира на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.

Loading
ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

ПОПЛОЧЕН ДЕЛ ОД ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Општина Кавадарци  предаде на користење на граѓаните уште еден успешен комунален проект. Градежната оператива на ангажираната фирма „КОП Инжинеринг“ од Скопје заврши со поплочување на дел од тротоарот на улицата „Западен Булевар“ на делницата од паркингот кај „Градската капела“ до паркингот на ВВ „Тиквеш“.

На вкупна површина од 650 квадратни метри се поставиа бехатон коцки, а на спојот со тревникот и мали рабници.

Со реализацијата на овој проект општината заокружи урбанизација на дел од „Западен булевар“ каде се изгради и најголемиот и најдобро уреден кружен тек во градот, кај Винарската визба „Тиквеш“.

Loading