Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ЗАВРШИ ПОПЛОЧУВАЊЕТО НА ПАРКИНГ ЗАД  ЗГРАДАТА ВО ВАТАША

ЗАВРШИ ПОПЛОЧУВАЊЕТО НА ПАРКИНГ ЗАД ЗГРАДАТА ВО ВАТАША

Во Ваташа ангажираната градежна оператива на фирмата „Градба прометод Кавадарци, успешно реализираше уште еден комунален проект на општината,.

Поплочен е паркингот зад зградата во центарот на селото. На површина од 400 метри квадратни се поставиа бехатон коцки, се изградиа мали пристапни скали, како и десеттина мали жардинери.

Жителите на овој дел на Ваташа сега добиат уредено место за паркирање без кал и прашина.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА ДЕЛ  ОД УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“

Градежната оператива на ангажираната фирма „КОП Инжинеринг“ од Скопје денесак започна со поплочување на дел од тротоарот на улицата „Западен Булевар“.
Според проектот на Општина Кавадарци градежмите работи се спроведуваат на делницата од паркингот кај „Градската капела“ до паркингот на ВВ „Тиквеш“.
На вкупна површина од 650 квадратни метри се поставуваат бехатон коцки, а наспојот со тревникот се поставија и мали рабници.
Со реализацијата на овој проект општината заокружува урбанизација на дел од „Западен булевар“ каде се изгради и најголемиот и според сите стандарди најдобро уреден кружен тек во градот кај Винарската визба „Тиквеш“.

ИЗГРАДЕНИ СКАЛИ НА КРАК ОД  УЛИЦАТА „25-ТИ МАЈ“

ИЗГРАДЕНИ СКАЛИ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „25-ТИ МАЈ“

 

Успешно е завршен проектот од комуналната изградба на улицата „25-ТИ Мај“. Оперативата на фирмата „Градба промет“ ги изгради пристапните скали кои поврзуваат две нивоа на оваа улица веднаш до потпорниот ѕид.

Со ова се комплетираа градежните активности. Претходно општината избрши пробивање на улицата со асфалтирање. По што уследи изградба на крак над потпорниот ѕид, со рабници и бетонска подлога на коловозот, а завршната фаза беше изградбата на пристапните скали.

Општината и овој проект го реализираше на барање на граѓаните од овој дел на Кавадарци. Сега повеќето индивидуални станбени објекти имаат урбанизиран и безбеден пристап за возила и пешаци.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“ ВТОРА ФАЗА

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“ ВТОРА ФАЗА

Оперативата на фирмата „АС-Машини“ од Кавадарци започна со реализација на комунален проект за поплочување на улицата „Перо Видев“ во Ваташа.

Ова е втора фаза од реконструкцијата на оваа улица, на потегот од „Грковата чешма“ до спојот со улицата „Данко Дафков“.

Денеска на таа делница се поставуваше тампон, по што ќе уследи поплочување со бехатон коцки на вкупна површина од 1.000 метри квадратни.

Со овој проект, кој општината го реализира на барање на граѓаните, ќе се обезбеди подобар пристап и комуникација на жителите од тој дел на Ваташа.

Loading
ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРА ОД УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“ ВО ВАТАША

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА КРА ОД УЛИЦАТА „СТРАШО ПИНЏУР“ ВО ВАТАША

Денеска Оперативата на фирмата „Градба Промет“ од Кавадарци поплочи површина од 100 метри квадратни на крак од улицата „Страшо Пинџур“ во Ваташа.

Проектот е дел од кампањата на Општина Кавадарци за ревитализација на неколку улици во село Ваташа.

И овој проект општината го реализира на барање на граѓаните.

Loading