ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ДАСКАЛ КАМЧЕ“ ВО ВАТАША
Општината Кавадарци во склоп на комуналната изградба предаде на употреба на граѓаните уште еден комунален проект. Оперативата на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци заврши со поплочувањето на улицата „Даскал Камче“ во Ваташа.
Според проектот на површина од 270 метри квадратни на местото на старите гранитни коцки се поставени бехатон плочки.
Општината овој проект го реализира на барање на жителите од улицата „Даскал Камче“ во Ваташа.
Ова е првата од неколкуте улици во селото Ваташа кои во наредниот период ќе бидат реконструирани.