Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАРИ НА  КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „ТИКВЕШ“

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ТРОТОАРИ НА КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ „ТИКВЕШ“

Ангажиратата оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци е активна на завршните работи од реализацијата на сообраќајниот проект на општината Кавадарци кружен тек на улицата „Западен булевар“ кај Винарската визба „Тиквеш“.

ДФеновиве се изведуваат градежните активности на поплочување на тротоарите и пешачките острови со павер елементи. Претходно беа поставени и високите столбови со ЛЕД всетилки како дел од Јавното улично осветлување.

Овој проект е во завршна фаза на реализација, а со вкупната површина од 3 000 метри квадратни тоа е најголемиот урбанизиран кружен тек во градот.

ПАТНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА НОВИТЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ

ПАТНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА НОВИТЕ КРУЖНИ ТЕКОВИ

Општина Кавадарци звршува со реализација на сообраќајниот проект за означување со вертикална и хоризонтална патна сигнализација на новите кружни текови во градот.

Денеска паралелно се работеше на поставување сообраќајни знаци, како и на обележување на хоризонталната патна сигнализација.

Специјализираната фирма „БОЈТА-инг“ од Скопје под надзор на надлежната сообраќајна служба од општината постави 80 сообраќајни знаци на 40 столбови и тоа на двата кружни текови на улицата „7 Септември“ како и на кружниот тек на ул. „Тиквешко востаниа“ поранешен прв триаголник.

Активности на патната сигнализациа се одвиваа и на кружниот тек кај Винарската визба „Тиквеш“ каде се спроведуваше хоризонтално обележување на коловозните ленти, на пешачките премини и пешачки острови, како и обележување на границите на кружниот тек.

АСФАЛТИРАН КРАК ОД УЛИЦАТА „СМАИЛИЦА“

АСФАЛТИРАН КРАК ОД УЛИЦАТА „СМАИЛИЦА“

Општина Кавадарци реализира уште еден комунален проект. Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ го асфалтираше новиот дел од улицата „Смаилица“.

Според проектот се работи за пробиен крак на оваа улица, каде покрај пробивањето се изврши порамнување, се поставиа рабници и се тампонираше подлогата.

Со овој проект општината на жителите од овој дел на Кавадарци им овозможи посигурен и побезбеден пристап до нивните домови.

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА  „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“

Фирмата „Градба промет“ преку ангажираната оператива денеска изврши асфалтирање на дел од улицата „Рајко Жинзифов“.

Според проектот се работеше на асфалтирање на делница од стрмна угорница, со која се спојуваат два претхоно асфалтирани делови. Во подготовката на улицата најпрвин се изврши порамнување на трасата, поставување на рабници и тампонирање.

Со овој проект општината за жителите од овој дел на градот обезбеди поквалитетен пристап и комуникација со регионалната улица „Шишка“.

ОТСТРАНЕТ СТАР ПЕШАЧКИ МОСТ ВО ВАТАША

ОТСТРАНЕТ СТАР ПЕШАЧКИ МОСТ ВО ВАТАША

  Општина Кавадарци преку ангажираната оператива, како дел од проектот за изградба на Кеј шеталиште во Ваташа отстрани стар и дотраен пешачки мост.

Се работи за мостот кој од главната улица води кон  улицата „Перо Видев“ односно до „Грковата чешма“. Овој мост беше руиниран и дотраен, и потенцијална опасност за пешаците.

Општината согласно проектот за новиот Кеј на истата локација постави типизиран метален мост, ист како пешачките мостови на кејот во Кавадарци.

Со овој зафат општината ја подигна безбедноста нас пешаците на повисоко ниво, потенцијалната опасност ја сведе на минимум и го разубави ликот на тој дел од Ваташа.