Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ „МОША ПИЈАДЕ“

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА БУЛЕВАРОТ „МОША ПИЈАДЕ“

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива започна со реализација на проектото за реконструкција на булеварот „Моша Пијаде“. Станува збор за ревитализација на уште една улица од проектот за обновување на главните улици во Кавадарци.

Гребењето на стариот и дотраен асфалт на булеварот ја опфаќа делницата помеѓу кружниот тек кај автобуската станица, па до новиот кружен тек кај основното училиште „Гоце Делчев“. Откако ќе биде отстранет дотраениот асфалт, на оваа делница ќе биде поставена нова асфалтна маса, како и обновена хоризонталната патна сигнализација.

Општинатаапелира до граѓаните да го послушаат апелот и да ги отстранат возилата од овој дел на булеварот, како би можело градеѓната оператива во целост да ги реализира зацртаните работи за ревитализација на оваа значајна сообраќајница.

ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „КИРО КАРАКУЛЕВ“

ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „КИРО КАРАКУЛЕВ“

Започнаа градежните работи за изградба на улицата „Киро Каракулев“. Оперативата на ангажираната фирма „Павер трејд“ работи на вадење на гранитната коцка, како и на проширување и формирање на профилот на пробиената таса.

Според проектот на Општина Кавадарци, изработен врз основа на барањата на жителите од оваа улица, изведувачот на работите во наредната фаза ќе постави, тампон и нови рабници, после што во крајната фаза новата улица ќе се попшлочи бехатон коцки.

На оваа локација општината претходно отстрани стар куќа подложна на паѓање, со што се прошири коловозната лента на улицата „Страшо Пинџур“ кај вториот триаголник, а се отвори и простор за ревитализација на улицата „Киро Каракулев“

Со овој проект општината обезбедува урбанизирање и хуманизирање на просторот за граѓаните од овој дел на Кавадарци кои  после низа децении конечно ќе имаат подобри услови за комуникација.

Мој Општинар и ЈП „Комуналец“ во редовна акција за почисто Кавадарци

Мој Општинар и ЈП „Комуналец“ во редовна акција за почисто Кавадарци

Дел од денешните активности на службите од ЈП „Комуналец“ заедно со Мој Општинар извршуваат чистење на фонтаните, метење и чистење на улиците, тротоарите и јавно прометните површини  како и косење на тревниците во градот.

ПОСТАВЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ СТОЛБОВИ  НА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ

ПОСТАВЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ СТОЛБОВИ НА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ

 

 

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проекти од безбедноста во сообраќајот. Надлежните служби деновиве поставиа 70 безбедносни столбови на повеќе локации низ градските улици.

Се работи за дополнително вертикално одбележување на безбедносните триаголници од хоризонтралната патна сигнализација. Столбовите дополнително го означуваат просторот пред пешачките, премини и автобуските постојки.

Намерата на Општината е прку овој проект да допринесе кон дополнителна поголема безбедност на градските улици, со тоа што ќе го спречи непрописното паркирање на возилата во безбедносната зона на пешачките премини и пред автобуските постојки. Тоа во многу ќе ја подобрат видливоста на пешаците и прегледноста на возачите.

Поставувањето на овие вертикални безбедносни сообраќајни знаци ќе продолжи и во наредниот период.

ОБЕЛЕЖАНА СООБРАЌАЈНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА ПАРКИНГОТ КАЈ „СТОКОВНАТА“

ОБЕЛЕЖАНА СООБРАЌАЈНАТА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА ПАРКИНГОТ КАЈ „СТОКОВНАТА“

Ново востановениот принцип на работа на општината за систематско и навремено завршување на работите успешно доведе до реализација на уште еден комунален проект.

Неполни 24 часа по поставувањето на новиот асфалт на обновениот паркинг на улицата „Тиквешко востание“, специјализираната екипа на ЈП „Комуналец“ изврши обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација.

На површина од 800 метри квадратни се обележаа вкупна 24 паркинг места, од кои 4 се наменети за такси стојалиште,а  две за инвалиди.

Овој паркинг простор се наоѓа над подземната гаража, а тие во целина ќе бидат дел од ЈП „Паркинг“.

Loading