АСФАЛТИРАН ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БЕЛ КАМЕН“
Оперативата на фирмата „Коле транс“ од Штип го реализира проектот за асфалтирање на дел од улицата „Бел Камен“.
Според проекто од програмата за комунална изградба на општина Кавадарци, во оваа фаза се проби и оформи нова делница од улицата во должина од 110 метри.
Претходно ЈП „Комуналец“ изврши интервенција на подземната мрежа и инфраструктура. Пота следеше тампонирање, поставување на рабници и денешното асфалтирање.
Општината преку проектот ќе им овозможи на жителите од овој дел на Кавадарци побезбеден и урбанизиран пристап до нивните домов, а воедно и ќе ја подобри уличната мрежа во градот.