Реконструкција на улица „7ми Септември“
Започнати се градежни работи за припрема за асфалтирање на дел од ул.“7ми Септември“ од спојот со ул.“Цано Поп Ристов“ до ул.“Шишка“.
Започнати се градежни работи за припрема за асфалтирање на дел од ул.“7ми Септември“ од спојот со ул.“Цано Поп Ристов“ до ул.“Шишка“.
Предизвикан е одрон на патот и насипи од земја од несовесен одгледувач на лозов насад и прекумерно наводнување, на патот помеѓу с.Дреново и с.Сирково. Поради неможноста на Македонија пар да интервенира со механизација за справување со одронот, а по налог на Градоначалникот Митко Јанчев се активирани механизацијата на ЈП Комуналец и ТППЕ на Кавадарци согласно нивното функционирање во интерес на општеството, како и механизација од фирмата ЈА-МИ како донација кон Општина Кавадарци. Патот беше обезбеден и сообраќајот регулиран од ПС ОН Кавадарци. Акцијата беше успешно спроведена и за помалку од два часа патот беше прооден и уредно среден.
По иницијатива на жителите од с.Крњево, денес и утре се спроведува акција за инфраструктурно уредување. Се чисти депонијата која е проширена кон игралиштето ,се чисти постоечката и се копа нова јама. Во тек се и низа други активности се со цел подобро функционирање на жителите во с.Крњево.
Општина Кавадарци започна со припреми за изградба на потпорен ѕид на улица Смилица.
Општина Кавадарци започна се припреми за асфалтирање на крак на улица „Смилица“. Фирмата Градба Промет интензивно работи на терен.