Асфалтирана улица Скопска
Општина Кавадарци преку ангажираната фирма изврши асвалтирање на ул. Скопска со претходна реконструкција на водовод и канализација.
Општина Кавадарци преку ангажираната фирма изврши асвалтирање на ул. Скопска со претходна реконструкција на водовод и канализација.
Општина Кавадарци започна со реконструкцијата на ул. Тиквешко востание. Оваа реконструкција е продолжување на проектот за обновување на сите главни улици во градското подрачје. Во првата фаза се проширува делот за паркирање согласно проектот за зонско паркирање.
Реконструкцијата на обиколницата е во звршна фаза. Специјализираната екипа на ЈП „Комуналец“ изврши обележување на хоризонталната патна сигнализација на обиколницата „Северен Булевар“.
Ангажираната оператива за време на викендот работеше на поставување на вториот-фин слој асфалт на потегот од спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ до улицата „Шишка“. паралелно со нив „Комуналец“ ги обележа линиите од патната сигнализација.
Денеска до крајот на денот се предвидува поставување на финиот слој асфалт и на делницата од спојот со улицата „Ѓорѓи Соколов“ до спојот со Булеварот „Никола Минчев“.
Рењконструкцијата на улицата „Северен Булевар“ е финснирана преку проектот МСИП на ЕУ, за реконструкција на главните улици во градот.
Оперативата на ангажираната фирма „АС-Машини“ деновиве работи на изградба на тротоари на улиците „41 Дивизија“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.
Според проектот на површина од 500 метри квадратни се посатвуваат бехатон коцки. Претходно на оваа површина беше отстранета вегетацијата, се поставија рабници за оформување на тротоарите и тампон како подлога за павер елементите.
Со реализацијата на овој проект Општината во овој дел на градот реализира уште еден комунален проект на барање на граѓаните. Тие сега ќе имаат повеќе урбанизира и уреден простор, како и зголемена безбедност при движењето пред са на пешаците.
Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „РМК градба“ од Студеничани, работи на поплочување на крак на улицата „Григор Прличев“. Проектот е во склоп на програмата за комунална изградба на општината за 2019 година.
Се работи за делница со површина од 250 квадратни метри, како продолжение на постојна споредна улица.
Со реализацијата на овој проект општината дополнително ќе ја унапреди уличната мрежа во Урбаната заедница „Страшо Пинџур“.