ТРОТОАР НА ПРОШИРУВЊЕТО НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“
Општина Кавадарци ја реализира наредната фаза од изградбата на проширувањето на „Западен булевар“.
Ангажираната фирма изведувач „Градба промет“ раболти на поставување на павер елементи на источниот тротоар од булеварот.
Според проектот се гради нов тротоар во должина од 2х1000 метри, со широчина од 2 метри. Овде се поставуваат бехатон плочки на вкупна површина од 4 000 метри квадратни.
Со пеализацијата на овој капитален инфрструктурен проект, северниот влез во Кавадарци, од правец на Скопје преку Росоман. ќе биде целосно урбанизиран и осовремен, воедно ќе претставува ново урбано лице на најфрекфентниот влез во градот.