Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „СОЛУНСКА ГЛАВА“ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

ДЕЛНИЦА ОД УЛИЦАТА „СОЛУНСКА ГЛАВА“ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА АСФАЛТИРАЊЕ

Општина Кавадарци е во фаза на реализација на уште еден проект за ревитализација на улица во градот.

Ангажираната оператива деновиве работи не гребење на стариот и дотраен асфалт на дел од улицата „Солунска глава“. Според проектот во оваа фаза улицата ќе се реконструира на потегото од спојот со ул. „Гоце Делчев“ до спојот со ул. „Народна Младина“.

Општината претходно изврши замена на старите рабници, а во последната фаза од реализацијата на овој проект ќе следи поставување на нова асфалтна подлога.

 

Loading
ЗАПОЧНА СО РАБОТА СЕМАФОРОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

ЗАПОЧНА СО РАБОТА СЕМАФОРОТ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

Сообраќајниот проект за подобрување на светлечката патна сигнализација влегува во завршна фаза.

Од вчера попладне во функција е семафорското решенеи на раскрсницата на „Илинденска“ со улиците „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и „7 Септември“.

Со работата на целосно обновените семафори на една од најпрометните раскрсници се воведе ред во норемалното одвивање на сообраќајот.

Во наредните денови се очекува во функција да се предаде и обновениот семафор кај основното училиште „Гоце Делчев“, каде се работи на поставувањето на подземната електрична инсталација.

Првата сеопфатна реконструкција на семафорите ќе финишира многу бргу откако целосно ќе се реконструира и семафоркото решение на крстосницата на улицата „Илинденска“ со улиците „Цано Поп-Ристов“ и „Пано Мударов“ кај старат автобуска..

Изведувач на работите е фирмата „Конструктор“ од Кочани.

Loading
СЕ РЕКОНСТРУИРА КРАК ОД УЛИЦАТА  „ИВО ЛОЛА-РИБАР“

СЕ РЕКОНСТРУИРА КРАК ОД УЛИЦАТА „ИВО ЛОЛА-РИБАР“

Пролетната кампања за комунална изградба во Кавадарци опфаќа интервенции и на мали и споредни улици, кои се мошне значајни за граѓаните.

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ денекс започна со реализација на таков проект на Општина Кавадараци во строгиот центар на градот.

Се работи за реконструкција на крак од улицата „Иво Лола -Рибар“ во должина од 30 метри, непосредно до Малиот групен дом.

Најпрвин се отстрани дотраениот и оштетен асвалт, а на негово место се поставува тампон за нивелација, по што ќе уследи поплочување со павер елементи.

Општината и оваа улица ја реконструира на барање на граѓаните.

Loading
ПОДОБРУВАЊЕ НА УЛИЧНОТ ОСВЕТЛУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

ПОДОБРУВАЊЕ НА УЛИЧНОТ ОСВЕТЛУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

Паралено со реконструкцијата на тротоарите на улицата „Наќо Лазовски“ општина Кавадарци реализира и проект за подобрување на јавното улично осветлување.

Ангажираната фирма согласно проектот врѓи целосна замена на подземната електрочна инсталација, и поставува нова за дополнително осветлување.

на оваа улица се обновуваат постојните 6 ниски канделабри, а се поставуваат и анкери за дополнителни 5 нови столбови. На сите ниски столбови ќе се постават нови ЛЕД светилки.

Со овој зафат општината во многу ќе го подобри јавното уилично осветлување кое се наоѓа на улица преку која се одвива комуникацијата на учениците од ООО „Тошо Белков-Пепето“, како и градинката „Детелинка“.

Loading
ОБНОВУВАЊЕ НА ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

ОБНОВУВАЊЕ НА ТРОТОАРИТЕ НА УЛИЦАТА „НАЌО ЛАЗОВСКИ“

Општина Кавадарци продолжува со реализација на комуналниот проект за реконструкција на тротоарите на улицата „Наќо Лазовски“.

Денеска оперативата на фирмата „РМК-градба“ привршува со поставувањето на бехатон плочки на тротоарот од страна на градинката. Паралелно на спротивниот тротоар се подготвува подлогата за негова реконструкција. Претходно таа ги замени старите и дотраени рабници со нови.

Општината ќе ги реконструра двата тротоари со вкупна должина од 400 метри.

Со овој зафат ќе се овозможи подобрена безбедност на пешаците, пред се учениците од ООУ „Тошо Велков-Пепето“, како и зголемување на пропустна моќ на улицата особено во термините кога родителите со автомобили ги носат и ги превземаат децата од градинката.

Loading