Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ТАМПОНИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“  КАЈ ВАТАШКИТЕ ГРОБИШТА

ТАМПОНИРАЊЕ НА УЛИЦАТА „ПЕРО ВИДЕВ“ КАЈ ВАТАШКИТЕ ГРОБИШТА

Привршуваат градежните работи на тампонирањето на дел од улицата „Перо Видев“ во Ваташа која минува на северната страна од гробиштата.

Овој проект опфаќа санирање на дел од улицата која потоа продолжува во земјан полски пат во должина од 300 метри, а започнува од влезот на селските гробишта и продолжува кон лозовите насади на Ваташки рид.

Со овој проект општината ги санира оштетувањата на патот кој жителите го користат како пристап до вечните почивалишта на нивните блиски, како и пат до нивните имоти во овој дел на Ваташкото виногорие.

Општината го реализира овој нов проект од комуналната изградба на барање на месната заедница од село Ваташа.

  

 

АСФАЛТИРАН ПРОБИЕНИОТ КРАК НА  УЛИЦАТА  „БАБУНА“ 

АСФАЛТИРАН ПРОБИЕНИОТ КРАК НА УЛИЦАТА  „БАБУНА“ 

Оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје го реализираше проектот за асфалтирање на крак од улицата „Бабуна“. Станува збор за комунален проект на општина Кавадарци според кој претходно беше извршена експропријаци заради пробивање на улицата.

Улицата е широка 5,5 метри, во должина од 100 метри, а се асфалтираше површина од 550м2.

Со вој зафат се создаде нова урбанизирана улица која на жителите од овој дел на градот ќе им овозможи пократка, побрза и побезбедна комуникација.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ДАНКО ДАФКОВ“  ВО ВАТАША

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ДАНКО ДАФКОВ“ ВО ВАТАША

Оперативата на фирмата „АС Машини“ е ангажирана во релизација на комуналниот проект на Општина Кавадарци за поплочување на улицата „Данко Дафков“ во Ваташа.

Според проектот со бехатон коцки се поплочува вкупна површина од 960м2, на два крака. Се работи за уредување на улица која се наоѓа на десниот брег на реката Луда Мара, која води кон куќите под месноста „Журов дол“ над Спомен домот „12 Младинци“.

 Општината и ЈП„Комуналец“ претходно извршиа реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, со што овој дел од селото Ваташ сега има функционална мрежа и урбанизиран пристап до индивидуалните станбени објекти.

 

Општина Кавадарци
 Градоначалник
                    м-р Митко Јанчев

НОВИ 330 МЕТРИ ОД КОЛЕКТОРОТ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

НОВИ 330 МЕТРИ ОД КОЛЕКТОРОТ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

Опретаивата на фирмата „Градба промет“ е во поодмината фаза од изградбата на новите 330 должни метри од колекторот за прифаќање на отпадните води на град Кавадарци, кој сега достигна до локацијата под објектот „Три багрема“ меѓу селата Глишиќ и Марена..

Во новата делница се вградени метал корогирани цевки со профил „Фи“ 1000, со што е зголемана пропусната моќ на цевкводот за зафаќање на фекалните и отпадните води од градската канализациона мрежа.

За оваа намена општината инвсетира 3,5 милиони денари, од кои 2,7 милиони се обезбедени од буџетот, а останатите 800.000 денари од Министерството за екологија.

Ова е 3 фаза од доградбата со што вкупната должина на колекторот достигна 2.270 метри. Колекторската мрежа треба да ги однесе отпадните води до локацијата на идната прочистителна станица под селото Марена.

Овој еколошки проект е од исклучително значење за општина Кавадарци, бидејќи со негово заокруживање после изградбата на прочистителаната станица реката Луда Мара која е реципиент на сите отпадни води од градот ќе биде прочистена и во Вардар ќе се влева незагадена вода.

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ КАЈ  САЛАТА „ПАРТИЗАН“ 

РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ КАЈ САЛАТА „ПАРТИЗАН“ 

Општина Кавадарци полека го заокружува проектот за реконструкција на салата Партизан, како и на просторот околу неа.

Ангажираната оператив го расчистуваше просторот на јужната страна од објектот каде диво беа псотавени повеќе лимени и дрвени гаражи.

Откако по претходен договор имателита ги испразниа и отстраниа лимените гаражи, општината пристапи кон рушење на дрвените конструкции и расчистување на просторот.

Според проектот, јужниот влез во салата „Партизан“ ќе биде уреден со павер елементи при што ќе се оформи дополнителен паркинг, а пристапните патеки околу салата ќе биде расчистен и урбанизирани.