Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ПРОШИРУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА  БУЛЕВАРОТ „МАКЕДОНИЈА“

ПРОШИРУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА БУЛЕВАРОТ „МАКЕДОНИЈА“

Оперативата на фирмата „Градба промет“, согласно програмата за комунална изградба  работи на реализација не проект за проширување на тротоарот на дел од булеварот „Македонија“.

Се работи на локација со вкупна површина од 300м2 на странат од комплексот ресторани. На овој дел од улицата се оформува  проширување за косо паркирање во должина од 60 метри. Воедно ќе се направи и нов тротоар со павер елементи.

На оваа локација пешаците ќе добиат побезбеден простор за движење, а ќе се ослободи коловозот од паркираните возила кои го забавуваа нормалното одвивање на сообраќајот.

ДЕНИВЕЛАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЛОШТАДОТ  КАЈ БИСТАТА НА БАДЕВ

ДЕНИВЕЛАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЛОШТАДОТ КАЈ БИСТАТА НА БАДЕВ

 

Како дел од реконструкцијата на градскиот плоштад согласно проектот, ангажираната оператива од страна на општина Кавадарци пристапи кон порамнување на површината кај бистата на Никола Бадев.

Со овој зафат на тој дел од плоштадот повеќе нема да има денивелација, односко скалеста површина.

Целта на овој проект е со рампа да се израмни тој простор а пешаците по плоштадот да се движат на едно ниво. Порамнувањето се изведува со истите гранитни плочи кои беа на таа површина со што не се нарушува автентичноста.

На овој простор проектот предвидува и зелена површина за трева и дрвја.

ПРОШИРУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА БУЛЕВАРОТ „МАКЕДОНИЈА“

ПРОШИРУВАЊЕ НА ТРОТОАР НА БУЛЕВАРОТ „МАКЕДОНИЈА“

Општина Кавадарци максимално ја користи продолжената градежна сезона за реализација на нови проекти од комуналната изградба.

Согласно програмата, оперативата на фирмата „Градба промет“ работи на реализација не проект за проширување на тротоарот на дел од булеварот „Македонија“.

Се работи на локација со купна површина од 300м2 на странат од комплексот ресторани. На овој дел ќе се постават павер елементи, а за возврат пешаците ќе добиа побезбеден простор и ќе се ослободи коловозот од паркираните возила кои го забавуваа нормалното одвивање на сообраќајот.

КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА БУЛЕВАР „МАКЕДОНИЈА“

КАСТРЕЊЕ НА ДРВОРЕДОТ НА БУЛЕВАР „МАКЕДОНИЈА“

 

Општина Кавадарци како дел од програмата за одржување на јавно прометните површини, преку ЈП „Комуналец“ реализираше акција за кастрење на дрворедот на дел од булеварот „Македонија“.

Се работи за интервенција на кастрење на обраснатите дрвја на потегот од спојот со булевар „Никола Минчев“ до спојот со булевар „Цветан Димов“.

Приоритет при изведбата на овој зафат беше расчистување на гранките кои попречуваа во јавното улично осветлување.  Главната интервенција беше за отстранување на гранките кои во ноќните часови пречеа на светилките кои го осветлуваат тротоарот, и што предизвикуваа пречки и проблеми при движењето на печаците.

Исто така беа отстранети старите, сувите, како и гранките обвиснати над коловозната лента кои правеа проблеми на возилата . 

ПОСТАВЕНИ СОЛАРНИ МАРКЕРИ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ

ПОСТАВЕНИ СОЛАРНИ МАРКЕРИ НА ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ

Во насока на подобрување и унапредување на бебедносната состојба на пешаците и возачите во градот Општина Кавадарци го реализира проектот за поставување на соларни маркери на пешачките премини.

Станува збор за проект со кој на дел од нај фрекфентните градски улици ќе се постават соларни светлечки маркери. Станува збор за современа технологија која овозможува пешачките премини ноќе да бидат осветлени со лед трепкачи во црвена боја, кои од далеку ќе ги предупредуваат возачите дека се приближуваат кон пешачки премин. Маркерите се опремени со фото волтаици и батерии кои дење сончевата светлина ќе ја претвораат и акумулираат во електрична енергија, со која во ноќните часови ќе се напојуваат трепкачките лед диоди.

Општината за оваа намена издвои 195.644 денари, а со овие пари се набавени 155 соларни маркери на три улици и на кружниот тек кај автобуската станица. Изведувач на работите е специјализираната фирма „Виадукт Трејд“ од Гостивар.

На централната кавадаречка улица „Илинденска“ со соларни ќе бидат заменети старите рефлектирачки маркери, а соларни покрај на оваа ќе се вградат и на улиците „7 Септември“ и „Блажо Алексов“.

Ова е втор проект во кој општината за подобрување на безбедноста во сообраќајот користи современа ЛЕД технологија.

Во текот на летото на улицата „Илинденска“ беа поставени светлечки ЛЕД занци за пешаци.