Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АВТОБУСКИТЕ ПОСТОЈКИ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АВТОБУСКИТЕ ПОСТОЈКИ

Општина Кавадарци согласно Програмата за поставување на урбана опрема презеде активности за обновување на 27 автобуски постојки во склоп на јавниот превоз.

Во тек е нивно обновување во соработка со компанијата „Екстра бус“ од Кавадарци. Според новата одлука се врши ребрендирање со префарбување на опремата, како и уредување на просторот околу постојките. Со реализацијата на овој проект ќе се создадат подобри услови за граѓаните кои го користат јавниот градски превоз.

СЕ ПОПЛОЧУВА ДЕЛ ОД ТРОТОАР НА БУЛЕВАР МОША ПИЈАДЕ“

СЕ ПОПЛОЧУВА ДЕЛ ОД ТРОТОАР НА БУЛЕВАР МОША ПИЈАДЕ“

Паралелно со поплочувањето во селата, општината реализира проекти од комуналната изградба и во Урбаните заедници во градот.

Оперативата на фирмата „Градба промет“ е ангажирана на изградба на тротоар на дел од булеварот „Моша Пијаде“. Третман на оваа јавна набавка е делницата на тротоарот од спојот со булеварот „Цветан Димов“ до спојот со „Западен булевар“ (нов кружен тек) кај ООУ „Гоце Делчев“.

За поставување на павер елементи на површина од 400м2 општината инвестира 630.000 денари обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.

ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ КАЈ  САЛАТА „ЈАСМИН“

ТРОТОАР НА „ЗАПАДЕН БУЛЕВАР“ КАЈ САЛАТА „ЈАСМИН“

Општина Кавадарци во рамките на реализацијата на програмата за комунална изградба работи и на обнововуање на постојните и изградба на нови тротоари.

Деновиве оперативата на фирмата „Градба промет“ е ангажирана на изградба на дел од тротоарот на улицата „Западен булевар“.

Се работи за делница со површина од 760 квадратни метри, на потегот од спојот со улицата „Вишешница“ до влезот во паркингот на спортската сала „Јасмин“.

На овој дел се поставуваат бехатон коцки, а за изградба на овој тротоар општината инвестира 978.000 денари. Парите се обезбедени од општинскиот буџет, сметка за комунална изградба.

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

АСФАЛТИРАЊЕ НА КРАК ОД УЛИЦАТА „7 СЕПТЕМВРИ“

Оперативата на фирмата „Изолација“ изврши асфалтирање на површина од 550м2 од улицата 7 „Септември“ споредна. Станува збор за крак во должина од 160 метри кој води кон Здравствен дом Кавадарци.

Претходно од оваа делница беше отстранета гранитната коцака, после што ЈП „Комуналец“ изврши интервенции на водоводната и канализационата мрежа.

Со овој зафат влезот во здравствен дом Кавадарци од главната улица 7„Септемв

ри“ е многу побезбеден, а со тоа и интервенциите на возилата на Брзата помош стануваат подобри.

СЕЛОТО РЕСАВА ДОБИ УШТЕ ЕДНА УРБАНИЗИРАНА УЛИЦА

СЕЛОТО РЕСАВА ДОБИ УШТЕ ЕДНА УРБАНИЗИРАНА УЛИЦА

Општина Кавадарци преку оперативата на фирмата „Павер трејд“ урбанизираше уште една улица во селто Ресава.

Станува збор за дел од програмата за комунална изградба според кој во оваа Месна заедница се инвестираат 200.000 денари за поплочување на улици со вкупна површина од 160м2.

Со изградбата на оваа улица Ресава добива уште една урбанизирана улица која за жителите од овој дел на селото значи збогување со калта и прашината.

Интервенцијата на општината е во согласност со Месната заедница и барањата на жителите од селото кои се вградени во програмата за комунална изградба.