Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

АСФАЛТИРАН СПОЈОТ НА УЛИЦАТА „ЖЕЛКОВ ДОЛ“ СО УЛИЦА „ФУШТАНИ“

АСФАЛТИРАН СПОЈОТ НА УЛИЦАТА „ЖЕЛКОВ ДОЛ“ СО УЛИЦА „ФУШТАНИ“

Општина Кавадарци го реализира проектот за изградба на спој на улицата „Желков дол“ со улицата „Фуштани“.

Изведувачот фирмата „Изолација“ од Скопје ги финишираше работите со поставување на асфалт на површина од 605 метри квадратни,.

Со реализацијата на овој проект се пробива поширока и побезбедна делница на спојот од споменатите улици.

За оваа намена општината потроши 1.155.000 денари, од сметката за комунална изградба од општинскиот буџет.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ТРОТОАРОТ НА УЛИЦА „ДИМКАТА АНГЕЛОВ-ГАБЕРОТ“

Комуналната изградба во општината продолжува. Оперативата на изведувачот „Ас Машини“ од Кавадарци започна со земјаните работи за реконструкција на дел од тротоарот на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ во Кавадарци.

Во наредната фаза ќе следи поставување на тампон како подлога за поплочување со павер елементи на површина од 450м2.

Со овој проект се ревитализира дел од тротоарот на потегот од спојот со улицата „Нов Белград“ во правец кон мостот „Белка“.

За оваа намена општината ќе инвестира 520.000 денари од општинскиот буџет, сметка за комунална изградба.

ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР ВО СЕЛО СОПОТ

Механизацијата на изведувачот „Павер трејд“ започна со реализација на проектот за изградба на тротоар во селото Сопот.

Со овој проект епфатен крајниот дел од улицата која води кон фудбалското игралиште. На должина од стотина метри се поставуваат рабници и се изведуваат земјените работи за поставување на павер елемнти за изградба на тротоар.

За оваа намена општината инвестира 416.658 денари. Парите се обезбедени од сметката за комунална изградба од буџетото на општината.

Со овој зафат ќе се изгради тротоар со површина од 270м2. По реализацијата на проектот жителите на селото Сопот кој гравитираа кон овој дел ќе добијат урбанизиран простор за непречено и побезбедно движење.

НОВА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦАТА „ПИОНЕРСКА“

Општината Кавадарци во рамките на комуналната изградба реализира проект за подобрување на опфатеноста на градот со атмосферска канализација.

Фирмата „Стентон градба“ од Битола која е изведувач на работите започна со градежни активности за поставување нова атмосферска канализација на улицата „Пионерска“.

Се работи за целосно нова линија во должина од 265 метри на потегот од раскрсницата со улицата „Ресавска“  каде новата линија че се спои со постојната атмосферска канализација, а во правец на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“.

За овој проект општината инвестира 1.060.473 денари, а парите се обезбедени од буџетот.

Со реализација на овој проект ќе се опфатат површинските води во овој дел на градот, со што при обилни врнежи ќе се намали количината на дождовна вода која се слева кон центарот.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОРО ВАТАШКИ“

Градежната оператива на фирмата „Ас Машини“ од Кавадарци работи на поплочување на дел од улицата „Боро Ваташки“ зад црквата во село Ваташа.

Станува збор за проект на општината Кавадарци со кој се полочуваат дополнителни 200м2 од оваа улица во селото. Општината за оваа намена издвојува 618.084 денари, а парите се обезбедени од комуналната сметка на општинскиот буџет.