Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ПОПЛОЧЕН КРАК ОД ул.„ИЛЧО ДИМОВ“

ПОПЛОЧЕН КРАК ОД ул.„ИЛЧО ДИМОВ“

Оперативата на фирмата „АС Машини“ од Кавадарци заврши со реализација на општински комунален проект во Ваташа.

На крак од улицата „Илчо Димов“ се поставија рабници и бехатон коцки, со што се урбанизраше уште една улица во Ваташа во должина од околу шеесеттина метри.

Проекто е на барање на жителите од тој дел на Ваташа.

АСФАЛТИРАН НОВИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

АСФАЛТИРАН НОВИОТ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ДОНЕ ПОПОВ“

Општина Кавадарци денеска заокружи уште еден комунален проект  со кој беа опфатени повеќе улици.

Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денеска изврши асфалтирање на новата траса од улицата „Доне Попов“ во должина од 90 метри. Целта на проектот е да ја спои улицата „Доне Попов“  со улицата „Григор Прличев“.

Согласно проектот општината претходно работеше на пробивање, нивелирање на подлогата, како и на поставување тампон. и рабници. Во завршната фаза уследи асфалтирање.

Проектот за пробивање и спојување на улицата е на барање на жителите, а во рамките на програмата за комунална изградба во Урбаната заедница „Страшо Пинџур“.

СЕ ПРОБИВА НОВА УЛИЦА ВО НАСЕЛБАТА „ПАРК“

СЕ ПРОБИВА НОВА УЛИЦА ВО НАСЕЛБАТА „ПАРК“

Ангажираната оператива на градежната фирма „Градба промет“ од Кавадарци работи на пробивање крак од улицата „Вуко Каров“ во населбата „Парк“.

Според проектот на општина Кавадарци се гради нова улица во должина од 140 метри.

Проектот се реализира како дел од програмата за комунална изградба.

НОВИ ТРОТОАРИ НА УЛИЦИ  ВО УЗ „СЛОГА “

НОВИ ТРОТОАРИ НА УЛИЦИ ВО УЗ „СЛОГА “

Општината Кавадарци  успешно реализираше уште еден проек од комуналната изградба. Во Урбаната заедница „Слога“ се изврши  поплочување на тротоари од улиците: „Беласица“, „Авала“, „Преспа“, потоа на улицата, како и на краци од улицата „Браќа Џунови“.

Изведувач на работите беше фирмата „Градба промет“ од Кавадарци, чија оператив во периодот од јануари до март оваа година поплочи површина од 2400  метри квадратни.

Проектот е поголема јавна набавка на општината со кој се обновиа дел од постојните и се пробиа нови тротоари на споменатите улици. Целокупната површина беше покриена со павер елементи (бехатон коцки).

Поплочувањето е реализирано на барање на граѓаните од УЗ „Слога“.  

СЕ РАЦИОНАЛИЗИРА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОДА ОД ЈАВНИТЕ ЧЕШМИ-ФОНТАНИ

СЕ РАЦИОНАЛИЗИРА ПОТРОШУВАЧКАТА НА ВОДА ОД ЈАВНИТЕ ЧЕШМИ-ФОНТАНИ

Општина Кавадарци преку ЈП „Комуналец“ ја рационализира потрошувачката на вода за пиење од градските чешми.

Во тек е акција на надлежните за вградување на ножни вентили со кои се активира протокот на водата во јавните чешми. Со овој зафат ќе се подобри фунционирањето на чешмите, и ќе запре прекумерното и непотребни истекување и трошење на водата за пиење.

Досега вакви вентили се вградени во чешмите: кај противпожарниот дом, пред „НЛБ“ банка на ул.„Илинденска“, кај парк „Полана“, потоа  во таа пред ДТВ „Партизан“, во чешмата на ул. „Киро Крстев“ кај  „ИНЕЛ“ “ и на ул. „Браќа Џунови“ пред поранешна „Таска“.

Акцијата продолжува и во наредниот период кога се предвидува поставување на ножни вентили и во останатите јавни градски чешми.

Во Кавадарци има поставено околу 25 чешми на јавна површина, чија вода граѓаните ја користат за пиење и освежување.