Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

АСФАЛТИРАЊЕ НА ЗНАЧИТЕЛЕН ДЕЛ ОД УЛИУЦАТА „ЃОРЕ БРУШАНСКИ“

Општината Кавадарци денеска реконструираше значителен дел на уште една кавадаречка улица.

Оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје работеше на поставување асфалт на улицата „Ѓоре Брушански“. Се ревитализираше поголем дел од коловозната лента на оваа фрекфентна улица, односно 430 метри во должина. Претходно со гребење беа отстранети сите оштетувања на стариот асфалт.

Со новата подлога улицата доби нов изглед, но пред се е значајно подобрувањето на безбедноста во одвивањето на сообраќајот.

РЕВИТАЛИЗИРАНО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ПЛАТОТО ПРЕД СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА

Шеснаесет нови сијалични места и пет рефлектори се вградија во ревитализираното јавно осветлување на платото пред спомен костурницата во градскиот парк.

Општината во рамките на проектот за редовно одржување целосно ги замени старите светилки на единаест канделабри на партерот околу костурницата како и на петте заеднички столбови кои се носачи на светилки и на рефлектори.

Целосна замена е извршена и на на старите искршени и дотраени амбиентални рефлектори кои ја осветлуваат костурницата. Просторот на платото отсега ќе биде осветлен со ЛЕД светилки и рефлектори од новата генерација, со што спомен костурницата во ноќните ќасови ќе биде достапна за посетителите.

Работите беа дел од обемниот проект на општина Кавадарци за реконструкција на јавното осветлување во паркот, каде специјализирана екипа работи на замена на комплетите светилки, оштетените кабли од нисконапонската мрежа во канделабрите и од подземната инсталација од јавното улично осветлување во градскиот парк.

АСФАЛТИРАНИ НОВИ 350 МЕТРИ ОД УЛИЦАТА „ПРАВЕДНИЧКА“

Општина Кавадарци успешно реализираше уште еден проект од комуналната изградба. Оперативата на фирмата „Изолзација“ заврши со асфалтирањето на 350 метри од улицата „Праведничка“ со што се заокружи значајна делница од улицата.

Претходно фирмата „Градба промет“ успешно ги заврши земјените работи од подготовката на оваа витална улица во овој дел од Кавадарци.

Општината за оваа намена потроши 3.000.000 денари, а парите се обезбедени од буџетото сметка за комунална изградба.

Асфалтиран нов дел од улицата „Домовица“

Продолжува интензивната комунална изградба во Кавадарци. Оперативата на фирмата „Изолација“ од Скопје изврши целосно асфалтирање на нов дел од улицата „Домовица“ во должина од 100 метри, која се надоврзува на постојниот асвалт. Улицата е со широчина од 5,5 метри.

Претходно градежната механизација на фирмата „Градба промет“ од кавадарци ги изведе земјените работи од подготовката за асвалтирање на овој дел од улицата „Домовица“.

Општината за овој проект намени 897.500 денари, средства обезбедени од буџетот – програма за комунална изградба.

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК „ЉУПЧО ШКАРТОВ“

Општината Кавадарци со концесионерот за одржување на јавното улично осветлување „Павер трејд“ од Кавадарци работат на оспособување на јавното осветлување во градскиот парк „Љупчо Шкартов“.

Според проектот за ревитализација извршена е замена на оштетената и украдена подземната нисконапонска инсталација, како и на каблите во канделабрите.             Изведувачот деновиве работеше на замена на светлечките тела со поставување на еколошки ЛЕД светлечки тела со јачина од 30 вати. Во оваа фаза приоритете е да се оспособи осветлувањето на главната патека од влезот во паркот се до спомен костурницата.

Со овој зафат во функција ќе биде ставено и јавното осветлување на „Костурницата“ каде на постојните канделабри за амбиенатлно осветлување ќе се постават 5 рефлектори, а ќе се обноват и светлечките тела на останатите канделабри.

Веднаш по ова во наредната фаза ќе се репарираат и канделабрите во останатите делови од градскиот парк, со што тој ќе биде достапен и побезбеден за граѓаните и во вечерните часови.

Работите од ревитализацијата на јавното осветлување во градскиот парк е во рамките на тековното одржување.