ЗАВРШИ КРПЕЊЕТО НА УДАРНИТЕ ДУПКИ
Општина Кавадарци го реализираше проектот со редовното крпење на ударните дупки. Со оваа кампања беа санирани 800м2 оштетувања на улиците во Кавадарци и во селата Сопот и Марена .
Преку акцијата се „закрпиа“ нај опасните оштетувања пред се на регионалните улици, каде сообраќајот се одвива со најголем интензитет.
Општината за оваа намена инвестираше 720.000 денари од буџетот. Со санирањето на оштетувањата на асфалтот на улиците кои настана во зимскиот период, општината создава минимум услови за побезбедно одвивање на сообраќајот.