Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

Започнаа работите на обновување на електричната мрежа од јавното осветлување во градскиот парк. Откако неодамна градоначалникот г.Митко Јанчев го обзнани проектот за ревитализација на јавното осветлување во градскиот парк „Љупчо Шкартов“, изведувачот започна со нејзино обновување.

Во наредниот период ќе се работи на целосна обнова на подземната електрична мрежа и тоа на потегот од влезот во паркот пред „Бриони“ се до платото на спомен костурницата.

Со завршувањето на работите патеките во паркот ќе бидат целосно осветлени а паркот освен дење ќе биде  достапен за граѓаните и во ноќните часови.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ДЕЛ ОД ИЛИЦАТА „МЕТОДИ ЏУНОВ-ЏИКО“

Активностите за ревитализација на повеќе улици во Кавадарци продилжуваат. Фирмата „Изолација“ од Скопје која е носител на тендерор од овој проект на општина Кавадарци работат на гребењео асфалт на делница од улицата „Методи Џунов-Џико“.

Согласно проектот, на оваа улица ќе биде реконструирана површина од 2340м2. Откако ќе биде отстранет оштетенит слој, ќе се изврши поставување на нова асфалтна маса во должина од 380 метри .

Реконструкцијата се врши на потегот од спојот со улицата „Браќа Миладинови“ кај Здравствен дом, до спојот со улицата „Елпида Караманди“.

Во сколоп на подготовка на улиците за асфалтирање нареден зафат е гребење на оштетениот асфалт од  улиците „Народен фронт“ и „Браќа Џунови“.

ПОПЛОЧУВАЊЕ НА УЛИЦАТА „ЛАЗО АСИЈАТА“

Општина Кавадарци преку оперативата на кавадаречката фирма „Ас Машини“ работи на изградба на улицата „Лазо Асијата“ веднаш до „Турските гробишта“.

На површина од 400м2 односно на две третини од нејзината површина се поставуваат бехатон коцки, додека останатите 200м2 треба да се покријат со бетон.

Согласно проектот, бетонот ќе биде послан на  стрмниот дел на улицата од спојот со улицата „Методи Џунов-Џико“, додека павер елементите (бехатон коцки) се поставуваат на нејзиниот порамен дел.

Вкупната должина на улицата изнесува околу 200 метри.

Крпење ударни дупки во Сопот и Марена

Општина Кавадарци преку оперативата на кавадаречката фирма „Урбан инвест“ привршува со редовното крпење на ударните дупки. Се работи на санирање на оштетувањата на улиците во селата Сопот и  Марена.

Во селото Марена се интервенираше на површина од 195м2, додека во селото Сопот се „закрпиа“ оштетувања на асфалтот од улиците на површина од 170м2. За крај од оваа кампања за санирање на ударните дупки, механизацијата ќе работи на “крпење“ ударни дупки на површина од 150м2 на неколку улици во градот.

Со оваа кампања на општината се санирани  оштетувања на улиците во Кавадарци и селата на вкупна површина од 800м2.

Акцијата се спроведена на повеќе улици низ градот, со што се „закрпиа“ нај опасните оштетувања пред се на регионалните улици, каде има и најголем интензитет на сообраќај.

Општината за оваа намена инвестира 720.000 денари од буџетот, а по санирањето на оштетувањата на асвалтот од градските како на улиците во неколку села општината создава минимум услови за побезбедно одвивање на сообраќајот.

ХОРТИКУЛТУРНО СЕ УРЕДУВА СПОМЕН ПАРКОТ „12 МЛАДИНЦИ“ ВО МОКЛИШТЕ

Проектот за средување, расчистување и хортикултурно уредување на спомен апркот 12 Ваташки младинци во месноста „Моклиште“ е во подомината фаза.

Волонтерите од проектот на општината „За чисто и убаво Кавадарци“ заедно со вработени од ЈП „Комуналец“ работеа на звршно порамнување на теренот и негова подготовка за сеење на трева.

Стручни лица од Комуналец ја оспособуваа подземната водоводна мрежа, за полевање, со цел нејзино ставање во функција, додека ангажираните лица од општината ги изведуваа последните активности околу косење на дел од затревнатиот простор, како и на расчистување на суви гранки и вегетација.

Општината целокупната површина на спомен паркот ја подготвува за престојиот јубилеја 75 години од стрелањето на 12 Ваташки младинци кој ќе се одбележи на 16 јуни.

На истиот простор ќе се одржи и тардиционалниот мото собир во огранизација на мото клубот „Тиквеш рајдерс“ и општина Кавадарци.