Категорија: Урбанизам и Комунални дејности

ЗАПОЧНА РЕВИТАЛИЗАЦИЈАТА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „ЃОРЕ БРУШАНСКИ“

Комуналната изградба во делот на улицита  стартуваше со нов поголем проект согласно кој ќе бидат ревитализирани коловозните ленти на неколку значајни сообраќајници во градот.

Механизацијата и работниците на фирмата „Изолација“ од Скопје денеска започнаа со гребење на стариот и оштетен асфалт на значаен дел од улицата „Ѓоре Брушански“. Во оваа фаза од нејзината ревитализација ќе бидат изгребани вкупно 2 400м2 оштетен коловоз, по што ќе следи поставување на нов слој асфалтна подлога.

Општината Кавадарци во сколоп на оваа градежна кампања ќе ги ревитализира и нај оштетените делови од улиците „Браќа Џунови“, „Народни херои“ и улицата „Дисанска“.

ПРОБИЕН И УРЕДЕН КРАК ОД УЛИЦАТА „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ-ПИТУ“

Како дел од комуналната изградба општината Кавадарци преку оперативата на фирмата „Урбан инвест“ го реализираше проектот за поплочување на крак од улицата „Кузман Јосифовски-Питу“ во Кавадарци.

По претходно извршена експропријација се создадоа услови за пробивање на крак од улицата со кој им се овоозможи слободен и урбанизиран пристап на жителите на неколку куќи од овој дел на градот до улицата „Кузман Јосифовски -Питу“.

Откако се изврши трасирање на кракот од улицата и беа поставени рабници и тампон, денеска заврши последната операција со поставување на бехатон коцки на вкупна површина од 270м2.

Општината само за изведување на градежните работи на улицата инвестира 377.828 денари. Парите се обезбедени од сметката за комунални работи од општинскиот буџет.

УРБАНА ОПРЕМА КАЈ ГРОБОВИТЕ НА ЖРТВИТЕ ОД ВОЈНИТЕ ВО ЈУГОСЛАВИЈА

Општина Кавадарци по иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев деновиве спроведе активности за санација на урбаната опрема поставена на просторот каде се наоѓаат гробовите на жртвите од војните во поранешна Југославија.

Интервенцијата на овој простор е прва што е спроведена од изградбата на ова обележје.

Оперативата на фирмата „ЗД Горан“ од Кавадарци  изработи нови клупи кои ги заменија старите и дотрајани, изврши ревитализација на масите, а ќе следи и целосна замена на настрешницата.

Просторот околу оградата на гробните места  во спомен обележјето ќе биде и хортикултурно уреден.

Со овој зафат општината го средува просторот околу спомен обележјето кое се наоѓа на влезот во градските гробишта во Кавадарци, каде почиваат: Сашко Гешовски, Петре Тодоровски и Мишо Митрев.

ПОПЛОЧУВАЊЕ ВО СЕЛО ДРЕНОВО

Комуналната изградба се одвива паралелно и во месните заедници во селата.

Според програмата општината деновиве работи на позиции во село Дреново каде се изедуваат градежни работи на поплочување на улици.

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ од Кавадарци треба да постави бекатон коцки на неколку позиции со вкупна површина од 600м2.

Општината за оваа намена од сметката за комунална изградба ќе издвои 850.000 денари од буџетот.

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ КАЈ ЗГРАДИТЕ НА БУЛ. „КОЧО РАЦИН“

Градежната механизација на фирмата „Ја-Ми“ од Кавадарци, општината Кавадарци и ЈП „Комуналец“ интензивно го реализираат птоектот за хортикутурно уредување на просторот меѓу зградите зад булеварот „Кочо Рацин“ и индивидуалните станбени објекти на улицата „Орце Николов“.

Се работи за површина од 2000м2 која што хортикултурно ќе се уреди. Фирмата донатор „Ја-Ми“ на општината и отстапи скипер и 4 камиони со кои просторот најпрвин се расчисти од шут, смет и обрасната вегетација. Потоа беше донесена земја со која се дооформија  зелените површини.

Јавното претпријатие на тој простор ќе спроведе систем за полевање, по што ќе следи  садење на дрвја и сеење на трева.

 По завршувањето на акцијата општина Кавадарци на жителите од овој дел на градот ќе им предаде во употреба урбанизиран и култувиран простор за одмор и рекреација.